Galaxy Note 7 експлодира во хотелска соба и предизвика штета од 1.400 долари

Samsung привремено ја запре продажбата и испораката на Note 7 телефоните и побара од корисниците да ги вратат купените уреди, но некои корисници не слушаат. Најновата приказна за проблеми со уредот доаѓа од Австралија.

Поради проблеми со батеријата експлодирал новиот Note 7 телeфон на корисникот кој на Reddit го користи името Crushader. Телефонот експлодирал во хотелска соба, а предизвиканата штета е проценета на околу 1.400 австралиски долари. Сопственикот својата приказна, заедно со сликите од уништениот телефон, ја сподели на Reddit.

„Мојот нов Note 7 се запали утрово додека спиев, беше приклучен и се полнеше. Телефонот е сосем уништен. Не можам ниту да ја отворам вратичката за SIM или SD картичката. Го користев оригиналниот полнач и кабел.“

Телефонот ги запали чаршавот, душекот и теписонот во хотелската соба. Од Samsung продавницата од Перт, Австралија од која е купен телефонот, му дале привремен уред и ветиле дека ќе ја платат штетата во хотелот.

3 коментари на “Galaxy Note 7 експлодира во хотелска соба и предизвика штета од 1.400 долари

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии