G-Force

IT.mk редакција

во Рецензии

(ова е гостинска рецензија од Борис Кузманов а.к.а Gravedigger како што е познат на форумот на IT.com.mk)

{mosimage}Сите го знаеме Џејмс Бонд 007, но вакви тајни агенти никогаш немате видено. Брзи, подвижни, летаат, експерти по боречки вештини, мајстори во оружја… на сé се спремни и ништо не може да ги изненади.

Приказната на G-Force е настаната според истоимениот филм на Disney за посебно тренирани и обучени хрчаци т.е гвинејските прасиња кои се вистински тајни агенти, мали Џејмс Бондови. Пред вас се многу тајни задачи кои ќе ги вршите како Дарвин, водач на екипата. Ќе ги сретнете и мувата Муч, експерт за high-tech надгледување, Хуарез, мајсторот за борачки вештини, Бластер, експертот за оружје и к`ртот Спеклес, супер сајбер генијалецот.

Цела е јасна – во име на американската влада ќе се обидете да го совладате злиот мулти-милионер Леонардо Сабера, кој има намера да го уништи светот контролирајќи куќни електрични уреди(?!).

На самиот почеток ќе морате да поминете тренинг ќе ги научите потребните потези. Тренингот се состои од девет делови и дефинитивно добро ќе ви послужи бидејќи се работи за видео игра со многу иновативен начин на движење и активирање на поединечни команди. После завршувањето со школото, акцијата може да започне.

Како што и сите специјални тајни агенти имаат свои посебни способности, така и овие наши јунаци се специјални на свој начин. Бидејќи се хрчаци ќе можете да се движете низ цевки и други тесни места. Можете и да скокат, но тоа и не е баш некоја посебна можност. Кога веќе сме кај скоковите, имате на располагање три видови на скокови. Првиот пат кога ќе претиснете копчето space тој ќе скокне, вториот пат ќе лебди неколку секунду, а третиот пат ќе преработи турбото кое е сместено во ранецот, но на многу кратко време.

{mosimage}

Каде треба да одите и што да правите? Тоа е доста едноставно, малиот радар ќе ви ја покаже следната дестинација. Мапа нема, барем за почетокот, неа ќе можете да ја добиете подоцно, но ќе морате да платите 25 SabreSense Chips. Тие служат како валута за купување во „Киоскот“, односно големиот апарат за сокови. И за крај околу опцијата за купување да напоменам само дека не ви се овозможени сите работи за купување, но ќе ги отклучувате со тек на времето, само полека…

Графиката е на скоро одлична. Тука-таму има некоја ситница која не одговара, но генерално гледано графичкиот дел е солидно одработен. Навистина добра работа во ваквите игри е звукот. Неретко филмски, а под тоа мислам квалитетен, добар, интересен… И овде не е лош, но скоро и како да го нема, така што ми се чини како еден голем минус на тоа поле. Штета, можеле и подобро да го обработат.

{mosimage}

Верувам дека играта на сите ќе им се допадне бидејќи има доста занимливости и необични решенија, како што се нашите мали симпатични агенти. Вашата грижа се електронските чудовишта кои треба брзо и ефикасно да ги решите. Задачите се интересни, логички и забавно, а цело време ќе учете нешто ново и ќе напредувате. Имајќи ги во предвид фактот дека игрите правени според филмска приказна се катастрофално, од ова можеме да бидеме презадоволни. Секако, им ја препорачувам на сите.

Оцена: 8,5/10

Платформи: PC, PS2, PS3, Xbox 360, Wii, PSP, DS

Минимални хардверски побарувања:

  • Windows XP Sp3 / Vista SP1
  • DirectX 9.0c
  • Intel P4 на 2,0 Ghz или AMD Athalon 64 2400+
  • 1GB RAM
  • nVidia GeForce 6600 или ATI X1300 со 1286MB RAM (hardware T&L)

Официјален сајт:
http://disney.go.com/disneyinteractivestudios/product.html?platform=pc&game=gforce



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии