FYI, OMG додаден како англиски збор во Oксфордскиот речник. LOL!

  • OMG значи oh my God (прев. ох, Боже мој), се користи за нешто зачудувачки.
  • LOL значи laughing out loud (прев. се смејам на глас), што е малку бизарно земајќи в обзир дека комуникацијата е текстуална, но сепак доволно ја објаснува емоцијата…
  • FYI значи For your information (прев. за твоја информација), за споделувае корисна информација.

Иако се работи за англиски изрази сепак овие кратенки се користат од глобалната интернет публика, вклучувајќи ги и македонските корисници.

„Вообичаената намера на овие изрази е неформално, трачерски вид на изразување, и можеби пародија на нивото на неприкажаниот ентузијазам или пренагласување на тоа што понекогаш се случува во онлајн дискурсот, додека во исто време корисникот се одбележува како „внатрешен човек“, во тек со формите на изразување кои асоцираат на најновото во технологијата.“, објаснува Оксфордскиот речник.

Интересно, речникoт вели дека иако овие кратенки иако се најчести во електронскиот контекст, сепак се најдени информациите дека се користени многу одамна. Пример, прво цитирање на OMG е најдено во лично писмо од 1917-та година, LOL во 1960-та значело „little old lady”, додека FYI се користело во меморандуми од 1941-ва година.

Доколку сакате да научите повеќе за како гиковите разговараат тука ќе најдете голем број на интернет кратенки, како на пример BRB, ROFL, IMO, WTF…

2 коментари на “FYI, OMG додаден како англиски збор во Oксфордскиот речник. LOL!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии