Футуристичка населба во Ајндховен која нема да ве остави рамнодушни

Image courtesy of Van Wijnen

Предградие во Ајдховен ќе биде првата населба во целост направена со 3д принтање. Креаторите благодарение на технологијата беа слободни да играат со различни форми. Резултатот е прекрасна футуристичка населба.

Project Milestone е дело на холандската градежна компанијата Van Wijnen. Мотивацијата зад проектот е намалувањето на бројот на градежни работници. Градењето куќи со 3Д принтери треба да помогне да се надмине овој проблем.

Компанијата веќе објави дека за првата куќа веќе имаат 20 потенцијални купувачи. Ова е базирано единствено од сликите кои може да се видат на веб страницата на компанијата. Сите ѕидови, и надворешни и внатрешни ќе бидат изработени со принтерот кој е оддалечен од градилиштето. Потоа овие ѕидови се префрлаат на местото каде што ќе бидат изградени куќите и се склопуваат.

Благодарение на материјалот кој се користи ѕидот и куќата може да имаат речиси било каква форма.

Но, ваквото градење има и низа предности. 3Д принтањето со цемент креира постабилни објекти кои се и подобри за животната средина, а и поевтини се.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии