Watly e соларен компјутер кој прочистува вода, генерира струја и има WiFi

Image courtesy of Watly

Watly е стартап кој сака да биде најголем соларен компјутер во светот. Знаеме дека струјата, водата и интернетот се столбовите на денешната цивилизација од 21-иот век, како што вели креаторот на Watly, Марко Атсиани, но тие основни потребни не се достапни секаде подеднакво. Oва е инфраструктурна солуција која може да помогне на многу луѓе низ светот кои имаат проблем со достапноста на овие три ресурси.

Watly е машина која работи на принцип на примање соларна енергија која потоа се конвертира во електрицитет задржан во батерија. Батеријата го покренува системот (базиран на графен) за прочистување на вода, по што водата се преварува и дестилизира. Машината има брзина со која произведува дури 5.000 литри чиста вода дневно. Батеријата покренува и wireless интернет, како и станица за полнење на електрични уреди. Да земеме дека хипотетички 15-годишно користење на Watly би уштедело 5.000 барели нафта или 2.500 тони гасови од стакленик, доволно кажува за економичноста и воопшто зачувувањето на еко-системот.

“Сонцето е независен и неограничен извор на енергија кој е достапен до севкупното човештво , за разлика од другите форми на енергија. Користејќи го ваквиот извор за да се достават трите суштински столбови на денешната цивилизација , му се помага на развојниот свет да се натпреварува на интернационални стази. Ние го помагаме обезбедувањето на потребната инфраструктура со што тие ке се поддржуваат самите во иднина. Интерконекцијата е круцијална за да овозможи заедниците заедно да придонесуваат за развој на економијата а тоа да се рефлектира и на нашата”, вели г. Атсиани.

Стартапот во моментот собира средства преку Indiegogo кампања, а воедно прототип се тестира во Гана и се очекува дека ке помогне во развивањето на руралните средини во Субсахарска Африка. Третина од луѓето во овие облсти немаат пристап до електрична енергија, а 39 проценти до чиста вода.

Но, зошто само Африка? Состојбата со водите во Македонија е алармантна. Речиси сите реки во низинските и котлински делови се загадени и се од класа од 3 до 5 што претставува висока застапеност на фекалии и бактерии во водата. Можеби токму ваквите проекти ке помогнат за поквалитетно снабдување со чиста вода во нашата земја. За проектот се добиени 1,4 милиони фунти од Europian Union’s Horizon 2020 програм за финансирање на разни истражувања.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии