Fujitsu претстави нов научно-фантастичен интерфејс кој ќе го замени скенерот

Fujitsu најавува нов контролер, комбинација на камера и скенер која ќе наликува на тоа што имавме можност да го видиме во Minority Report, јавува The Verge. Скенерот изгледа интересно, но се чини и дека има уште доста работа на него.

Најинтересна изгледа можноста за поставување на дополнителни информации во документи, брошури или мапи кои стануваат „видливи“ откако ќе бидат прочитани од скенерот. Според презентацијата доколку потоа се постави мапа под уредот тој може да ја проектира локацијата на картата. Иако можеби во електрична шема или патент да се „зумираат“ делови од проектот.

Прецизноста на уредот не е на завидно ниво, пред се имајќи ги во предвид Leap Motion или Kinect. Можноста на уредот да се користи како 3Д глувче е предност, но единствено ако понуди подобри перформанси од претходните.

Следната генерација на UI Fujitsu ја најави за 2014 година, а барем според првите најави сите делови на уредот ќе бидат стандардни. Ова би требало да значи дека и цената на уредот ќе биде достапна пред се бидејќи Leap Motion и Kinect се под 100 долари, иако Next Gen UI од Fujitsu сепак има поголема функционалност од овие контролери.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии