Fueloyal и Интелигентниот омекнувач се тркаат за награда на Business Wall of Fame

Започнува гласањето за проектите на Business Wall of Fame, натпревар на Deutsche Telekom кој треба да донесе поголемо раздвижување кај иноваторите кои работат на „Интернет на нештата“. Станува збор за меѓународен натпревар, но во соработка со Македонски телеком, македонските компании можат да се натпреваруваат за соработка со Телеком и рекламна кампања од 30.000 евра.

На конкурсот досега се пријавија над 20 проекти од цела Европа, иако крајот на пријавувањето трае до 25 мај. Најдобрите петнаесет проекти влегуваат во финалето, а овојпат покрај стручно жири, за финалистите одлучуваат идните корисници кои со гласање ќе покажат кои проекти им се допаѓаат. Досега според бројот на гласови фаворите на публиката се „Интелегентниот омекнувач“ и Fueloyal Technology, а истовремено ова се единствените македонски проекти кои се пријавиле, и кои досега имаат добиено гласови на локалната страна за гласање.

Fueloyal е најверојатно еден од најпопуларните стартапи кои излегуваат како колаборација со учество на тим од Македонија. Се работи за хрватско-американски-македонски стартап кој работи на паметно капаче за резервоарот на гориво за камионски превозници, со кое може да се следи потрошувачката и да се намали кражбата на гориво. Стартапот го таргетира пазарот во САД, каде што има камионите се сериозен и скап бизнис. Fueloyal веќе се претстави на Mobile World Congress во Барселона.

Интелегентниот омекнувач е македонски проект со кој ќе се понуди омекнување на тврда вода која е неповолна за уредите во домот, да се „претвори“ во мека вода која нема да ги оштети. Интелегентниот омекнувач работи со информации во реално време, има база на податоци за аларми и настани и овозможува управување од различни уреди.

1 коментар на “Fueloyal и Интелигентниот омекнувач се тркаат за награда на Business Wall of Fame

  1. Според пропозициите финалниот избор за најдобро ИоТ решение ќе го избере комисија од првите 15 апликации со најмногу гласови.

    Има две награди:
    1. Најдобрите локални решенија имаат можност да работат со Македонски Телеком и да освојат рекламна кампања вредна 1.840.000 денари.

    2. Најдоброто меѓународно M2M/IoT решение ќе се рекламира како партнер, заедно со Дојче Телеком, во 8 држави. Исто така, победничкото решение ќе добие промоција како Телеком партнер на меѓународен индустриски саем во вредност од 10.000 евра.

    Fueloyal се натпреварува на Меѓународно ниво, а Интелегентниот омекнувач на локално ниво. Затоа поддржете ги двете македонски решенија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии