Фудбалскиот клуб West Ham ангажира гејмер за да се натпреварува во FIFA

Премиерлигашот West Ham можеби наскоро нема да има прилика да потпише некоја супер-ѕвезда или да ја освои лигата, но ќе биде првиот англиски клуб кој ќе вработи гејмер. Клубот се подготвува за доминација на FIFA турнирите во видеоигри со спонзорство на Шон Ален, професионален гејмер кој го освои второто место на 2016 Fifa Interactive World Cup.

Шон Ален го доби почесниот дрес со бројот 50, а веќе го имаше својот прв официјален натпревар како член на West Ham на Play Like на Legend Grand Final. Тој ќе продолжи да го претставува West Ham на турнирите, а доколку и останатите клубови ангажираат професионални гејмери лигата би можела да биде супер интересна. „Ова е голем чекор за West Ham United. Разбрав дека Шон е одличен играч во е-спорт арената и воодушевен сум што успеавме да ги обезбедиме неговите услуги“, вели Славен Билиќ, тренер на West Ham.

Шон Ален е првиот професионален играч на видеоигри кој потпишал за англиски клуб, но не е првиот Англичанец кој потпишал за професионален клуб. Минатата сезона Дејвид Бајдевеј потпиша за германскиот клуб Wolfsburg, потсети BBC. Идејата не е лоша и за имплементација кај нас, со оглед на тоа дека тоа е најверојатниот начин да ги видиме македонските клубови во Лигата на шампионите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии