Целта на Facebook е да стане место каде што луѓето ќе ги дискутираат актуелните теми во реално време како што се случуваат (пример: Тwitter), и место каде што некој ќе ги пребарува тие теми за да види што другите мислат и зборуваат.

Затоа Facebook го купи Friend Feed.

FriendFeed е агрегатор на постови од друштвени мрежи. Нешто налик на Time.mk за вести, FriendFeed ги собира сите постови од преку 50 друштвени мрежи и ги става на едно место, при тоа овозможува коментирање и пребарување преку клучни зборови.

„Уште кога првпат го пробав FriendFeed, ми се допадна работата на нивниот тим кои направија едноставeн и елегантен сервис за луѓето да споделуваат информации.“ вели Марк Закерберг, основачот на Facebook.

FriendFeed, мал сервис со околу 1 милион корисници, го чинеше Facebook 50 милиони долари, а за возврат Закерберг ги доби генијалните инжинери со огромно искуство. Основачите на FriendFeed претходно работеа за Google и тоа како дизајнери и инжинери на Gmail и Google Maps.

Со нив и нивниот пребарувач во реално време Facebook може да стане многу посериозна друштвена мрежа која ќе му парира на Twitter, за кој пак влијателниот блог BoomTowm
шпекулира дека може да биде купен од Google.

За разлика од Facebook чие влијание од 250 милиони корисниции се сведе само на креирање групи и давање подршка на истите, Twitter со над 30 милиони корисници (најверојатно половина од нив ботови) за само една година одигра големи улога во неколку војни и „револуции“ низ светот и тоа токму поради таа можност – во реално време да пренесува и да шири информација.

Надополнето: Пол Бушхеит, ко-основачот на FriendFeed ја објаснува соработката со Facebook

Подолу ќе најдете интервју на Mајкл Арингтон од TechCrunch со Паул Бушхеит, еден од основачите на FriendFeed кој објаснува за зделката со Facebook. Г. Бушхеит изјави дека првичната информација дека FriendFeed е купен за 35 милиони долари не е точнa, но не сакаше да каже повеќе детали.

Тој исто така додаде дека FriendFeed нема да го снема, туку ќе еволуира во нешто поинакво, но, според него, таа еволуција до конечната форма ќе потрае, можеби и две години.

Преписот од интервјуто можете да го најдете на TechCrunch.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии