Frenzy – друштвена мрежа за Mac корисници која живее во Dropbox

Frenzy ви овозможува да споделувате линкови, фајлови и пораки, како и информации во реално време кои се во вид на стрим од фид елементи. Она што е специфично за оваа нова социјална мрежа е тоа што оди во спротивно со тенденцијата која ја имаат поголемиот број социјални мрежи, а тоа е да бидат што по јавни. Оваа социјална мрежа е креирана за комуникација со вашите блиски пријатели или соработници, со кои ќе ги споделувате фајловите во вашиот Dropbox и идеите околу нив.

Frenzy друштвената мрежа е проект на креаторите на Dropzone кое е „швајцарското ноже за повлечи-и-спушти за Mac“. Frenzy е едноставно и минималистички дизајнирана и ја става функционалноста во преден план. За користење на Frenzy не е потребна некоја додатна сметка, туку ја користите онаа која ја имате на Dropbox.

Frenzy во моментов е јавна бета верзија која е бесплатна, која работи на Mac OS X 10.5 или некоја понова верзија. Оваа бета верзија ќе остане бесплатна и понатаму, но финалната ќе се наплаќа. Не се знае дали Apple ќе дозволи да виде застапена во App Store поради поврзаноста на апликацијата со Dropbox. На страницата исто така развивачите велат дека би креирале и iPhone и Android апликација, во зависност како ќе биде прифатена оваа верзија за Mac.

Она што може да се забележи кај оваа апликација е нејзината ограниченост. Иако идејата е многу нова, Dropbox е многу користена алатка и ваков вид на социјална мрежа која ќе ни овозможи да комуницираме со оние со кои споделуваме во реално време е одлична идеја, која може да најде примена во разни колаборации и соработки кога е потребно да се разменуваат фајлови помеѓу двете страни. Да се надеваме дека развивачите ќе ја развијат вистински оваа мрежа, или дека некој друг ќе ја превземе идејата и ќе направи некој пофункционална верзија која ќе може да ја користи поголем број на корисници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии