Спонзориран текст

Френцис Цеперо: Ги водиме компаниите низ дигитализацијата со примена на „интернет на нештата“ и „клауд-технологија“

Спонзорирано од А1

во Интервјуа, Спонзорирани

Френсис Цеперо е на позиција Директор на вертикални решенија на пазарот во А1 Диџитал (А1 Digital), со повеќе од 20 години искуство во деловен софтвер и вертикални решенија на пазарот. Меѓу другото, г. Цеперо беше и еден од говорниците на А1 Дигиталната конференција на тема „Дигитализирај го твојот бизнис: Обликувај ја иднината! Европските искуства во Македонија“, чиј домаќин беше компанијата А1 Македонија.

Ексклузивно за IT.mk, г. Цеперо открива како да се биде дигитален, како да се изградат поврзани производи, која е разликата помеѓу поврзаните призводи и поврзаните машини и уреди, но и на кој начин компаниите може да се потпрат на вмрежените машини и „интернет на нештата“ и како дигиталната трансформација може да се преточи во бизнис резултати.

Господине Цеперо, на почетокот, дали може на нашите читатели да им објасните што претставува А1 Диџитал (A1 Digital) и на кој начин е поврзан со А1 Телеком Австрија групацијата?

А1 Диџитал ги советува компаниите за прашања поврзани со дигиталната трансформација и ги води низ дигитализацијата на нивните деловни области. Фокусот е насочен кон примена на т.н. „интернет на нештата“ (Internet of Things) во зависност од индустријата, како и производи засновани врз „клауд-технологија“ за модерното работно место и безбедносни решенија за „клауд“. Благодарејќи на скалабилните услуги, А1 Диџитал е, исто така, идеален партнер за дигитални проекти во средни претпријатија. Како дел од А1 Телеком Австрија групацијата, компанијата може да се потпре на развиената инфраструктура на еден од најголемите мобилни оператори во светот. А1 Диџитал управува со организации што се занимаваат со регионална продажба и нуди „клауд-решенија“ преку податочни центри во Германија, Австрија и во Швајцарија.

Во Македонија дојдовте како говорник на А1 Дигиталната конференција 2019, која ја организираше А1 Македонија. Вашата тема беше „Како да се создадат поврзани производи“, па дали може да ни објасните првично каква е природата, прегледот на темата и што всушност значи „поврзани производи“?

Поврзани производи се нови дигитални производи, како што се поврзани греалки, косилки за трева, индустриска машинерија, возила, кафемати, уреди за точење пиво и друго. Со цел да создадат поврзани производи, на компаниите им е потребна соодветна технологија (вклучувајќи хардвер, софтвер, но и можност за поврзување), како и партнер од доверба што ќе ги поддржи развојот, интеграцијата и имплементацијата на решението и приспособување на придружните процеси. Ние, преку нашите услуги и технолошки решенија, нудиме поддршка токму на оваа трансформација.

Која е разликата помеѓу „поврзани производи“ и „поврзани машини и уреди“ во однос на производите и решенијата што се нудат во соодветната категорија?

Поврзувањето производи опфаќа многу повеќе од само поврзување уреди. Тоа наложува редизајнирање на патувањето на клиентот и процесите со цел да се поддржи дигиталното искуство на клиентот, па така, на пример, поврзаната косилка за трева може на корисникот да му овозможи податоци за перформансите и за користењето на уредот преку посебна апликација. Клиентот може да стапи во интеракција со производителот преку апликацијата и да добие помош, одржување и да понуди поврзани и нови понуди. 

Како што велите и вие во А1 Диџитал, „четвртата индустриска револуција веќе се случува и поврзувањето на машините и системите е потребна задача на сите иновативни компании“. Според вашето мислење, на кој начин компаниите може да се потпрат на вмрежените машини и „интернет на нештата“?

„Интернетот на нештата“ компаниите може да го користат, од една страна, за оптимизација и автоматизација на процесите, а, од друга страна, за да креираат иновации, нови дигитални производи и услуги и нови бизнис-модели, како што е плаќањето врз основа на користење. Дозволете ми да ви дадам конкретен пример за тоа како ги направивме „паметни“ товарните возови. До неодамна, утврдувањето на позицијата и состојбата на товарните вагони во меѓународниот железнички транспорт беше тешко и непрецизно главно поради недостигот на индивидуално напојување на вагоните. Благодарејќи на технолошкиот развој на литиумските батерии, финансиски достапното податочно поврзување и користењето платформа што вклучува „интернет на нештата“ за собирање и за презентирање на податоците на начин соодветен за корисникот, повеќе не е така. А1 Диџитал веќе инсталира 3 000 од вкупно планираните 13 700 телематски уреди на вагоните на австриската Раил Карго Груп, кои овозможуваат податоци за локацијата, движењето и за детекцијата на удари на операторот, овозможувајќи нови услуги за клиентот и значително подобрувајќи го одржувањето на возниот парк, што веќе се покажа при секојдневната употреба, додавајќи реална економска вредност.

Како директор на Вертикал Маркет Солушнс (Vertical Market Solutions), претпоставувам дека дел од вашата работа е наоѓање конкретни индустрии што имаат специјализирани потреби, а на кои може да им понудите производи и услуги по мерка, но, исто така, да им објасните на кој начин компаниите може да имаат придобивка од примената на дигитализацијата. Дали потенцијалните клиенти може навистина дигиталниот потенцијал да го преточат во деловни резултати?

Сме работеле на повеќе од 500 проекти поврзани со „интернетот на нештата“ и имаме многубројни примери како нашите постојни клиенти потенцијалот го претвораат во деловни резултати. Секако, го пренесуваме таквото знаење и им нудиме консултации на потенцијалните клиенти не само за техничките решенија, туку сакаме и целокупниот проект да го направиме профитабилен за клиентите и да создадеме вредност (на пример, придружни процеси). Работиме со пристап што го зема предвид самиот дизајн. Ние може да бидеме успешни само доколку се успешни нашите клиенти, па затоа деловните резултати секогаш ни се во фокусот.

Што мислите, кои се предизвиците во рамките на помалите пазари, како што е Македонија, во однос на специфичните решенија на вертикалниот пазар? Дали сметате дека компаниите во Македонија се подготвени за дигитализација и следење на идните трендови?

Вертикалните решенија налагаат одредени вложувања и заложби на највисокиот менаџмент со цел реализација на иновациите што им биле ветени на клиентите.

Ги поддржуваме нашите клиенти со помош на постепен пристап, советувајќи им да започнат со нешто помало, па да се движат кон поголеми потфати. Во тој поглед, им нудиме доказ за концепти со цел тестирање на функционалностите, лансирање поврзани производи и растење заедно со нашите клиенти. Ги елиминираме капиталните расходи/пречките при вложувањето поддржувајќи ги нашите клиенти со флексибилни бизнис-модели, доколку тоа го бараат тие.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии