Franz 2.0 – Една апликација за инстант комуникација која ги владее сите други

Google Hangouts, Skype, WhatsApp, Telegram, Facebook Messenger, листата на апликации за инстант комуникација се чини како да нема крај… Додека вие разговарате со еден пријател на Skype; друг ве бара на Facebook; трет ви пишува пораки на Telegram. Franz 2.0 е апликација која ќе ви помогне да зборувате со сите од едно централизирано место.

Franz не е премногу нов сервис, но во време кога комуникацијата е поважна од било кога, е сервис кој ви помага да останете во контакт или барем го поедноставува она што создава најголем проблем кога вашите пријатели користат разни платформи. Franz собира 23 чет апликации, а можеби единствена која се користи активно во Македонија, а ја нема, е Viber.

Корисниците можат во исто време да разговараат на Slack, WhatsApp, Facebook Messenger, Telegram, Skype, Hangouts, па дури и Steam, но и куп друг сервиси. Можеби се сеќавате на Meebo кој имаше слична функционалност, во време кога имаше многу помалку сервиси. Franz всушност отвора повеќе прозорци за разговор на едно место, па корисниот има сѐ во еден прозорец. Дополнително, ова овозможува сите функционалности да бидат исти како и во оригиналот. На пример, со Facebook Messenger може да се испраќаат гласовни пораки или анимирани слики.

Апликацијата е достапна на Linux, Windows и macOS, и значително ќе ви ја олесни комуникацијата.

1 коментар на “Franz 2.0 – Една апликација за инстант комуникација која ги владее сите други

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии