Францускиот издавач на видеоигри Ubisoft отвори канцеларија во Белград

Еден од најпознатите и најголемите издавачи на видеоигри, францускиот Ubisoft отвора канцеларии во соседството. Канцеларијата во Белград е втора во регионот, а првата од поодамна е присутна во Софија.

Канцеларијата во Белград почнува со 15 девелопери, а до 2017 тимот треба да биде проширен на 40. Студиото во Белград ќе соработува со универзитетите за да го пронајде потребниот кадар. Идејата е брзо, од факултетите да се регрутираат студентите кои се заинтересирани за развој на видеоигри. Првиот проект на белградското студио ќе биде PC верзијaта на Tom Clancy’s Ghost Recon Wildlands, јави Gamasutra.

„Србија може да понуди многу кога талентот е во прашање, пред сѐ развивачи професионаци. Секогаш сме во потрага пазари со пасија, вештини и експертиза, за да ги направиме најдобрите игри. Репутацијата на Србија во неколку клучни полиња прави ова да е идеален избор.“, вели Себастијан Делен од Ubisoft Eastern European Studios.

Ова е четврто студио во Источна Европа, a Ubisoft веќе има канцеларии во Киев, Софија и Букурешт. Тимот од Белград ќе соработува со канцелариите на Ubisoft во Париз и Киев.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии