Франција воведува визи за основачи на стартап, САД сака да ги укине?

Дејан Соколоски

во Свет

Додека Франција најави дека ќе додаде специјална виза за основачи на стартапи, САД можеби размислува за нејзино укинување. Администрациајта на претседателот Трамп сака да го одложи и конечно да го повлече носењето на International Entrepreneur Rule.

Законот е донесе во времето на претходниот претседател Барак Обама и треба да стапи на сила во 17 јули. Новата администрација сака да го одложи до март, но конечна цел е повлекување на законот, велат извори на San Francisco Chronicle.

Законот им овозможува на претприемачите кои не потекнуаат САД да основаат компанија. Додека ја креираат компанијата претприемачите ќе можат да ја добијат оваа виза. Законот треба да им помогне на претприемачите кои не се квалификуваат за ниеда друга виза, но можеби имаат добра идеја која можат да ја развијатат.

Најголемите компании и инвеститори го поддржуваат влезот на претприемачи и истражувачи од надвор. Ова ќе овозможи САД да остане на врвот кога иновациите се во прашање.

„Ако сакаме да продолжиме со иновативноста која ја имавме последните 20 години – како решавање на најголемите технолошки предизвици – треба да внесете претприемачи тука, не да ги праќаат надвор. Ме изненадува како администрацијата не гледа на ова како на можност“, вели Џеф Фара од National Venture Capital Association.

Засега нема демант, ниту потврда за веста од новата администрација. „Не можеме да шпекулираме за тоа каква ќе биде одлуката од ревизијата на законот“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии