Франција со забрана за паметни телефони во училиштата

Од септември, со почетокот на новата учебна година, учениците во Франција повеќе нема да може да користат паметен телефон на училиште. Ова е одлуката на Француската влада која смета дека телефоните им пречат на учениците.

Децата ќе можат да ги носат телефоните на училиште, но нема да смеат да ги користат. Во текот на целиот ден од влезот до излезот од училиштето, па дури и на паузите, телефонот мора да остане скриен. Забраната ќе важи за сите деца во основното образование. Во Франција тоа е од 6 до 15 години.

Ниту децата, ниту родителите, а ниту наставниците, не се воодушевени од оваа мерка. Едно од прашањата кои се поставуваат е што би се случувало со телефоните, каде ќе седат во текот на наставата. Ако некаде се чуваат, дали тоа ќе биде како гардероба, па на крајот на наставата да ги земат назад?

„Смешно. Во моето улилиште не ги користиме во текот на часовите или на паузите, што  е проблемот? Ако некого фатат со телефон во тоалет или на пауза за ручек, телефоните веднаш се конфискуваат, а ученикот добива казна“, вели 12 годишната Матилда.

Родителите кои се загрижени кога децата самите се враќаат од училиште, можеби нормало, би сакале да можат да бидат во постојан контакт со своите деца.

Пример за оваа мерка членовите на Владата наоѓаат во сопствените средби. Во текот на официјалните средби, министрите ги оставаат телефоните во шкавчиња, пренесува Guardian.

Потегот секако може да помогне за децата да се дружат меѓусебе, наместо да гледаат во телефонот. Дополнително, можеби ќе им помогне и со концентрацијата, а и да ја намали опасноста од зависност од паметни телефони.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии