Франција најави повисок данок за интернет гигантите

Сите компании кои имаат светска заработка од над 750 милиони евра и заработка во Франција над 25 милиони евра ќе бидат цел на нов данок. Француските власти најавија 3% данок за овие компании.

Данокот е одговор на праксата на компаниите да отвораат седишта во државите со најниска стапка на данок и оттука да нудат сервиси и услуги во Европа. Како последица на ова, компаниите немаат речиси никаков данок во државите во кои најмногу заработуваат.

Новиот данок ќе погоди 30 компании, најголем дел од САД, но дел од компаниите се лоцирани и во Кина, па и во Европа, јави Associated Press. Секако дека данокот ги опфаќа најголемите компании Google, Amazon и Facebook.

Проценките се дека само со овој данок ќе се приберат над, или барем околу 500 милиони евра.

Франција е првата држава членка на Европската Унија која ќе донесе ваков данок. Ова мерка ја носат откако слично барање не помина во Европската Унија.

„Ова е правично. Овие дигитални гиганти ги користат нашите лични податоци, имаат огромни заработки од нив… и потоа ги префрлаат парите некаде на друго место, без да си платат фер данок“.

Асоцијацијата за компјутерска и комуникациска индустрија смета дека дигиталните компании не се даночат доволно.

Владите во Велика Британија, Германија и Шпанија работат на слични законски решенија, што може да значи Франција е само почеток.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии