Франција ќе може да го изгаси Интернетот во вонредни ситуации

Парламентот на Франција одлучи да ја зголеми моќта на извршната власт која сега има овластување да ги блокира интернет комуникациите во ситуации кога ќе биде прогласена вонредна состојба. Амандманот 50 е изгласан како мерка да се спречат идни напади и ширење паника по вонредна ситуација, како нападите во Париз во кои беа убиени 129 луѓе.

Ингеренциите за прекин на интернет комуникациите се во рацете на Министерот за внатрешни работи, кој може да преземе мерки кои смета дека се потребни. Носејќи го законот владата објасни дека интернет е „посакуваното средство за транспорт на радикалниот ислам и џихадизам“.

Приврзаниците на законот велат дека со новиот закон се овозможуваат исти можности за регулирање на интернет со радиото и телевизијата. Министерот и досега имаше можност да ги „регулира“ медиумите, па дури и театарот и кино салите во случај на вонредна состојба, јави VentureBeat.

1 коментар на “Франција ќе може да го изгаси Интернетот во вонредни ситуации

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии