Франција ќе добие нови визи наменети за основачи на стартапи

Најголем дел од технолошките стартапи и компании сонуваат да се преселат во Калифорнија и таму да продолжат со развојот. Ова важи дури и за поединците кои со своето знање и идеи помогнаа да се развијат најголемите стартапи и компании во САД.

Сепак по доаѓањето на власт на Доналд Трамп, визите за квалификувани работници потешко се добиваат. На Viva Technology конференцијата која започна во Париз, Франција претстави една поинаква визија за својата држава.

Новиот претседател на Франција, Емануел Макрон смета дека токму овие кадри и се потребни на државата за развој на следните „еднорози“. Поради ова Франција ќе добие нов тип на визи, наречен „Талент пасош“.  Визата е отворена за сите основачи на стартапи. Франција ќе ја поедноставни законската рамка, и ќе овозможи имигрантите полесно да доаѓаат до финансиски средства.

„Сакам Франција да привлече нови претприемачи, нови истражувачи и да биде држава на иновација и стартапи. Сакам Франција да стане земја на еднорози“, вели г. Макрон.

Новата програма во многу што потсетува на визата H-1B која САД ја доделуваше за кадри кои се во недостиг. Во Франција „талент пасошот“ ќе важи 4 години, а визата ќе се однесува и на поширокото семејство на имигрантот, јави CNBC.

„Обложувањето на иднината е да продолжиме со образованието на нашите таленти. Да им овозможиме на студентите највисоко ниво на академски успех. Мора да го одбраниме нашиот образовен модел, да им овозможиме на студентите да одат понатаму. Па дури и ако отидат во друга држава, мора да се вратат, бидејќи тука е нивната иднина“, додава г. Макрон.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии