Франција го казни Apple 1,2 милијарди долари

Дејан Соколоски

во Вести

Поради нарушување на конкуренцијата на пазарот Франција му изрече на Apple казна во висина од 1,2 милијарди долари. Компанијата е осудена за договарање на цени во својата дистрибутивна мрежа.

„Apple и два ланци за големопродажба ги договарале цените и се соговарале да не си конкурираат. Со тоа ги стерилизираа пазарот за Apple производи“, вели претставникот на француското тело за заштита на конкуренција, Изабел де Силва.

Покрај Apple казна им е изречена на двата дистрибутери во големопродажба, Tech Data и Ingram Micro кои се казнети со 76,1 и 62,9 милиони евра.

Apple веќе објави дека ќе ja обжали одлуката на регулаторот и додавајќи дека се разочарани од повикувањето на 30 години стара пракса.

Одлуката на францускиот орган надлежен за конкуренција е обесхрабрувачка. Се однесува на практика од пред повеќе од десет години и отфрла 30 години правен преседан на кој се потпираат сите компании во Франција со одлука што ќе предизвика хаос за компаниите од сите индустрии. Не се согласуваме со нив и планираме жалба, велат од Apple за CNBC.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии