BAFTA со номинација за NapNok, данска компанија со канцеларии и во Скопје

Дејан Соколоски

во feature, гејминг, ИТ.МК

PlayStation видеоиграта на NapNok, „Frantics“ е номинирана за BAFTA награда. Ова е големо признание и за македонската канцеларија на компанијата. Еден од основачите на компанијата е Дајана Димовска.

Frantics е номинирана во категорија „Најдобра детска игра“. Ова е првата игра на Napnok на која работеше и македонската канцеларија. На играта две години работеа седумдесеттина артисти, дизајнери, програмери и тестери.

Станува збор за „party“-игра која на максимум четири играчи им овозможува забава преку повеќе мини игри. Ѕвезда на играта е лошата лисица, која е тука да го зголеми ривалството. Frantics е игра која е наменета за сите, без разлика дали се љубители на видеоигри или не. Играта е компетитивна, но не се потребни специфични вештини да ја играте, па ќе биде одлична на забавите.

Заедно со Frantics во оваа категорија се номинирани и: Everybody’s Golf, ClapHanz; Knack 2, Sony Japan Studio; Mario + Rabbids Kingdom Battle, Ubisoft.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии