Француските таксисти палат возила на Uber во знак на протест

Неподносливоста и тензиите помеѓу таксистите и возачите на Uber во Париз ескалираа во насилни протести. Превртени и запалени Uber возила, блокади на улиците, запалени автомобилски гуми, малтретирани возачи на Uber се само дел од инцидентите што се случуваат во главниот град на Франција.

„Се соочуваме со постојана провокација од Uber на која може да има само еден одговор. Потполна цврстина и систематско одземање на возилата кои го прават прекршокот“, вели Серж Мец од G7 такси компанијата.

Протестите започна по долготрајни несогласување на таксистите кои бараат регулирање на UberPOP и исти услови за таксистите и за возачите на Uber. Над 2.800 таксисти излегоа на протестите во Париз, Ница, Марсеј, Тулуз, Бордо, Лион и Лил, и ова се нејголемите анти-Uber протести досега. Иако стартапот кој нуди персонализирани возачи имаше несогласувања со таксистите, главно бидејќи вторите се регулирани со разни закони, сепак ова ескалира во ситуација по која земјите во кои работи Uber ќе мора да направат нешто за да го контролираат превозот. Во заштита на правата на такси возачите излезе и францускиот министер за внатрешни работи кој побара расчистување со Uber.

Дел од државите, но и локално по градови, го забранија сервисот. Возилата на Uber се забранети во главниот град на Белгија, Брисел, во Холандија и во Франција. Сепак Uber не ги повлече своите возила и сервиси, и наместо ова секој пат кога некој од UberPOP возачите ќе добие казна Uber ја плаќа.

Сепак гневот на таксистите и покрај тоа што е насочен кон Uber, не е потполно предизвикан од сервисот. Недостигот на средства, нискот стандард на возачите на такси возила, предолгото работно време се главна причина за гневот, дел од возачите и самите велат дека доколку не се такси превозници ќе возат за Uber.

„Имам три деца и не заработувам доволно. Не заработувам доволно ниту да можам да се возам со такси. Да не бев возач на такси ќе возев за UberPOP. Превоз од 10 евра со такси, чини само 4 евра со UberPOP“, вели учесник во протестите за TechCrunch.

Uber вели дека има над еден милион корисници во Франција, и е речиси во постојана правна борба надвор од САД, вели дека во Франција досега не е донесен судска одлука која го ограничува сервисот, а сите барања и забрани доаѓаат он ненадлежни институции. Барањата за забрана на Uber е пред францускиот уставен суд, кој треба да одлучи дали забраната ја нарушува економската слобода загарантирана со Уставот.

Протестите се одржуваат истовремено со Канскиот фестивал, a една од жртвите на толпата е музичарката Кортни Лав Кобејн, која беше во Uber возило што беше нападнатно од демонстрантите. Своето искуство г-ѓа Лав-Кобејн го сподели на Twitter.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии