Foursquare започна да препорачува локали од вашите Facebook пријатели

Foursquare во средатана својот блог објави дека ги проширува препораките за локали и сега тие вклучуваат препораки од вашите Facebook пријатели. Оваа промена веќе е во примена на веб сервисот на Foursquare, како и на мобилните апликации, и, интересно, доаѓа само неколку денови откако беше претставен сервисот Facebook Nearby кој го прави истото што сега го прави и Foursquare.

Што конкретно е променето со оваа „моќ на персонализација“, како што ја нарекува Foursquare? Од сега кога ќе пребарувате нешто на Foursquare, во листата со резултати ќе добиете известување дека Х ваши Facebook пријатели напишале некој коментар за некој локал, споделиле фотографија и слично. Оваа опција е достапна за сите Foursquare корисници кои својата сметка ја имаат поврзано и со Facebook, а што се однесува до приватноста, сè останува исто и нема никаква причина за паника. Чекирањата ќе бидат споделени на Facebook само со пријателите.

За сите што сакаат да ги добиваат овие персонализирани препораки, само поврзете го вашиот Facebook со Foursquare, и разликата во пребарувањето ќе ја забележите веднаш.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии