Foursquare стигна до 15 милиони корисници

Локацискиот стартап ја надмина бројката од 15 милиони корисници. Ова се пет милиони нови корисници од пред само шест месеца, кога во јуни Foursquare надмина десет милиони корисници.

Скоро половина од корисниците се надвор од САД, која е земјата каде стартуваше Foursquare во 2009-та година. Овие статистики беа откриени во имејл испратен од Foursquare до ClickZ News. Foursquare има и стотина корисници во Македонија.

Пред некој ден Facebook го купи талентот на Gowalla, кој беше и конкурент на Foursquare. Со гасењето на Godwalla се чини дека сега малиот, но и најголем локациски сервис од Њу Јорк со своите 15 милиони корисници ќе мора да се натпреварува со Places на Facebook кој има над 600 милиони корисници, односно 350 милиони мобилни корисници кои можат да ја користат платформата за споделување локација.

Покрај корисниците, Foursqure расте и како компанија. Wall Street Journal пишува дека стартапот сега се сели во канцеларии во Њу Јорк на два спрата, големи околу 56.000 квадратни метри, кои се најмени за наредниве 10 години. Ова го демонстрира интересот на сервисот и на инвеститорите дека ќе се обидат да го освојат мобилниот свет. Foursquare сега има и над 80 вработени.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии