Foursquare сега има 20 милиони корисници кои се чекираа 2 милијарда пати

Растот на Foursquare се забрзува. Секој месец по нови еден милион корисници се регистрираат на сервисот за споделување локација, кој сега има над 20 милиони корисници кои до сега вкупно споделиле 2 милијарди чекирања. Чекирање е кога некој ќе се пријави (и сподели на друштвените мрежи) дека е на одредена локација.

Сервисот претстави нова значка која го одбележува 16-ти април како 4sqDay, односно денот кога стигнаа до 20 милиони корисници.

Само за потсетување тригодишниот стартап Foursquare пред една година, во јуни 2011-та, имаше „само“ 10 милиони корисници. Со двојно повеќе и поголема популарност најверојатно ќе му треба помалку време за да стигне до следните 10 милиони. Можеби за помалку и од 6 месеци.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии