Foursquare на пат да стане сериозен играч, влезе во партнерство со American Express

Понудата е само за САД, но не би изненадило да следат и други слични соработки знаејќи дека 50 отсто од 10-те милиони корисниците на Foursquare се надвор од САД. Foursquare не сподели колку од тие корисници се всушност активни.

American Express и Foursquare направиле тест во март на South by Southwest конференцијата за музика и технологија каде корисниците на Amex картичка кои биле вклучени во тестот потрошиле 20% повеќе од корисниците со Amex картичка кои немале пристап до специјалните понуди.

Foursquare нема да добие процент од зделката со American Express, но самата промоција дека релативно нов стартап, за кој што се претпоставуваше дека ќе биде згазен од поголемите интернет компании, е влезен во сериозна соработка со финансиски гигант ќе му помогне на сервисот за локација да привлече повеќе корисници нудејќи им поефтини зделки.

„Кога луѓето мислат на Facebook тие мислат на место да им праќаат пораки на пријателите или да закачат статус, но баш на место да се чекираат“, вели основачот на Foursquare, Денис Кровли. „Ние сме асоцирани со само една работа – локација, и тоа навистина помага.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии