Foursquare ќе соработува со Groupon

Релативно малиот локациски сервис, со само 10 милиони корисници, за само две недели најавува две големи соработки кои ќе го промовираат и ќе му овозможат да си ги зголеми приходите. Првата договорена соработка во минативе недели е со American Express, а втората, како што открива Wall Street Journal, е со Groupon.

Groupon e сервис за групно купување, еден од првите и најголемите во светот кој одби 6 милијарди долари од Google бидејќи веруваше дека може сам да ги генерира парите. Се проценува дека Groupon може да прави над 1 милијарда годишни приходи.

Соработувајќи со таков голем сервис кој постојано нуди попусти и зделки, локацискиот Foursquare ќе добие не само публицитет, туку ќе добие и процент од зделките кои ќе ги промовира преку својата мрежа. Foursquare и претходно самите се обидоа да соработуваат со мали бизниси да договар попусти, но иако имаат мрежа од 500.000 бизниси сепак не зема дел од тие попусти. Затоа Foursquare започна да се договара со групни сервиси како Living Social, Gilt Groupe итн, со што си ги зголеми приходите, а ги намали трошоците за креирање на мрежа на бизниси.

Основачот Денис Кровли одби да коментира колку ќе земаат од зделките, велејќи дека „се обидуваме да видиме како нашето [локациско] таргетирање ќе работи и како корисниците ќе реагираат на тоа“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии