Foursquare ќе ги направи домашните адреси приватни

Се чини некои друштвени мрежи се грижат за приватноста на своите корисници. Foursquare претстави нова опција која има за цел да им оневозможи да корисниците несакајќи да ја споделуваат својата домашна адреса. Новата опција функционира така што им овозможува на корисниците да одберат една локација како нивна домашна адреса.

Откако ќе означите одредена локација како ваш дом, ќе се појави порака во која стои дека локацијата е категоризирана како дом, и таа нема да се споделува. Иглата на мапата од околината која е во непосредна близина ќе се изгуби, додека пак мапата ќе биде центрирана околу случајна точка која се наоѓа на најмалку 500 метри од домашната адреса. Со новата опција дури и суперкорисниците нема да имаат пристап до одредена домашна адреса. Плавите точки на чекирање нема повеќе да се појавуваат за суперкорисниците. Адресата ќе биде достапна само за корисникот и неговите пријатели, меѓутоа поштенскиот број, градот, и државата се достапни за сите Foursquare корисници.

Корисниците кои креирале локација како нивна домашна адреса и ја категоризирале како дом, ќе имаат можност да ја уредат или пак да ја избришат. Ова може да се направи преку „Edit Venue“, опција која може да се најде на страницата за локации на foursquare.com. Доколку некој друг ја означи вашата домашна адреса, тоа можете да го поправите со кликање на врската „Report a Problem“ која ќе ви овозможи да ја означите локацијата како ваша домашна адреса. Според Mashable, новата опција треба да се појави во наредниот период, и наскоро ќе следи официјална најава.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии