Foursquare ќе ги прикажува целите имиња и ќе споделува повеќе податоци со бизнисите

За време на празниците Foursquare објави некои прилично големи промени во приватноста. Овие промени ќе започнат да се применуваат при крајот на јануари, а се однесуваат на тоа дека ќе бидат прикажувани целите имиња на корисниците, наместо името и првата буква од презимето.

„Ние сега ќе го прикажуваме вашето цело име. Моментално, Foursquare понекогаш го прикажува целото ваше име, а понекогаш и инцијалите од презимето. На пример, доколку пребарувате некој приател на Foursquare, во резултатите го прикажуваме целото име, но кога ќе кликнете на профилот ќе можете да го видите само името и првата буква од презимето. Но, секојдневно добиваме мејл пораки дека ова е збунувачки и затоа ќе го промениме тоа“, стои во соопштението од Foursquare.

Од крајот на овој месец и бизнисите ќе добиваат повеќе податоци од корисниците. Наместо податоците од последните 3 часа, газдите на локалите ќе може да имаат увид на повеќе чекирања.

„Бизнисите на Foursquare ќе може да видат поголем дел од своите клиенти. Моментално, бизнисите кои го користат Foursquare може да ги видат корисниците кои се чекирале во последните 3 часа. Ова е одлично за сопствениците подобро да ги идентификуваат своите клиенти и да им понудат повеќе понуди, но многу бизниси се логираат на крајот од денот и баш и немаат некои информации за тоа кој ги посетил. Затоа, одсега па натаму ќе им нудиме повеќе информации.“

Сепак, доколку сакате вашите информации да не ги споделувате со бизнисите, отидете во поставувањата за приватност и отштиклирајте го полето покрај „Location Information“. Повеќе за приватноста можете да видите на Privacy 101 страницата на Foursquare.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии