Фотографија од единствен атом освои Science Photography Contest

Најдобрата фотографија од полето на науката е “‘Single Atom in an Ion Trap” од Дејвид Надлингер од Универзитетот Оксворд. Г. Надлингер е докторант на Оксворд, а ова е прв пат атом да може да се заблежи со голо око. За илустрација, растојанието помеѓу двете електроди на фотографијата е само 2 милиметри.

„Идејата да може да се види единствен атом со голо око за мене претставува прекрасен директен и визуелен мост помеѓу миниатурниот квантен свет и макроскопската реалност“, вели г. Надлингер.

Image courtesy of David Nadlinger – University of Oxford

Фотографијата му овозможи да го сподели своето истражување со светот. Фотографијата ја освои наградата за најдобра oод над 100 фотофрафии кои учествуваат во натпреварот.

„Секоја година сме воодушевени од квалитетот и креативноста на пријавените фотографии на натпреварот, а оваа година не е исклучок. Фотографиите покажуваат што истражувачите сакаат да му кажат на светот за убавината на науката и инженерството“, вели Том Роден еден од судиите на овој натпревар.

Повеќе податоци и фотографии од овој натпревар може да пронајдете на Mymodernmet.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии