Фото, ексклузивно и шокантно: Го разоткриваме сетапот за гејминг и стримање на Гораст Цветковски

Љубителите на видеоигри овој период на тема нови наслови немаат баш премногу причина за радување – компаниите не ги издаваат најавените наслови на време и одложени се најголемите турнири, но затоа пак карантинот овозможува време за гејминг и посветување на игрите кои секогаш сте сакале да ги завршите. На локалната гејминг сцена, дополнителна активност и забава нудат и момците од GG.mk – Гораст, Данко, Бобо и Паци стримаат активност.

Кој и да ги гледал стримовите, ќе го забележи импресивниот сетап на skullmonkey Гораст, кој ексклузивно, шокантно, како никогаш до сега, го разоткриваме во детаљи…

Со прогласување на вонредна состојба ако не и порано почнавте со секојдневни стримови, колкав напор е потребен? Каква е посетеноста?

Неделните стримови ги практикува претежно Бобо, понекогаш Данко и Паци, а никогаш јас :)

Откако почнаа вонредните случувања дојде порив и ние да допринесеме во олеснување на целата ситуација па така решивме без разлика на било што, секој ден од 18:00 часот на каналот на GG.MK да има нешто. Најчесто сум јас, играм Quake 3 со гледачите, потоа презема Бобо игра Call of Duty: Warzone, Данко стримаше Супер Марио Карт и таа вечер се направи специјална атмосфера и добивме дури 190 сабскрајбови, а Паци од скоро игра Valorant.

Како секојдневните стримови ги прифаќа публиката?

Јас, како тазе стример морам да кажам дека: доколку играм игра која ми е мила, возбудата е огромна, но доколку наменски седнам да играм игра која не ја сакам, тогаш се се претвора во “мука“, не видена “туга“! За мене исто како стендап настапите. Кога имав теми кои ми беа блиски и разработени, работата одеше ко песна. Публика ужива исто и јас. Ако е нешто наменски… мееех, малце тешкичко.

Од тоа што го видов до сега, кај нас публиката сака или забава или профи играње и со право. Истото го сакам и јас, а истото е и на ТВ, и на други медиуми.

Но, стримањето е неверојатно голема одговорност и припрема. Откако почнавме со стримови сватив колку тешко е да стримаш секој ден, континуирано. Нема други планови, мора да се поклопиш со терминот, да ослободиш други обврски. И тоа пази, ние можеме да кажеме „Еве денеска не стримаме“. Стримањето бара огромна посветеност и упорност.

Како ви се одвиваат останатите работни обврски и како влијае на секојдневието промената?

Јас уживам и искрено ме фаќа малце трема дека кај да е ќе треба да се вратиме на стариот режим на работа. Работното време ми е флексибилно, нема станување рано за деца-диливери, навечер на раат може чоек да си куцка или евентуално да поигра. Пиво може да влета во било кое време на денот без никаква грижа на совест. Се-на-се средношколски денови во возрасна варијанта.

Каков сетап за стримање користиш?

Јас за среќа имам супер компјутер од претходно. Процесир Intel i9-9900K, ROG Strix GTX 1080 Ti 11GB графичка, 32GB на 3600MHz T-FORCE XCALIBUR RAM, 1T системско SSD + 512GB за игри SSD + 2T WD Black HDD како магацин. CM 750W напојување, NZXT H400i кукиште со NZXT Kraken X63 водено ладење. После 25 години компјутери, овој пат прв пат се решив за колоритна варијанта. Mamba Razer Wireless глушец и прастара тастатура Logitech G110. Гледам на 3 монитори Dell U2414H. Во принцип работна машина која може сосема солидно да се користи за гејмање и стрим.

Каква опрема, кој софтвер?

За камера користам Logitech C930e, микрофон Yeti Blue и светлосен прстен за осветлување. Од софтвер главно користам OBS Studio со додатоци за испишување на името на песната (плагин за Winamp), тајмер за одбројување и најново како гимик користам софтвер XSplit VCam за тргање на позадината. Не е којзнае колку прецизен, но на малечка слика изгледа супер забавно.

За пандемијата на коронавирусот COVID-19

Ажурирано на 25/03/2020

Што е коронавирусот COVID-19?

COVID-19 (коронавирусна болест 2019) е нова заразна вирусна дишна болест предизвикана од новиот коронавирус SARS-CoV-2. Името го добива по „боцките“ на неговата површина кои изгледаат како круна (корона). Коронавирусите можат да заразат и животни и луѓе и да предизвикаат симптоми што се движат од лесна настинка до тешка, животно загрозувачка пневмонија.

Колку е заразен вирусот?

Вирусот е екстремно заразен и се пренесува многу лесно од човек на човек, особено во затворени површини. Се пренесува по капличен пат - во мали капки кои ги прави заразениот човек кога дише, зборува, кашла или кива.

Каде е проширен вирусот?

Почнувајќи од првата епидемија во Кина, од декември 2019 до денес вирусот е проширен во над 140 земји, има заразено најмалку 462.000 луѓе и предизвикано над 20.800 смртни случаи. Според Светската здравствена организација се работи за пандемија. Моментално Европа и САД се соочуваат со нагол пораст на новозаболени. Вирусот е присутен и во Македонија од 26 февруари 2020.

Кои се симптомите?

За да се појават симптомите потребни се 2 до 14 дена. Најчести симптоми се покачена температура, сува кашлица, замор и потешкотии при дишењето. Најголемиот број заболени (околу 80%) имаат благи симптоми кои наликуваат на грип или лоша настинка. Некои луѓе воопшто не развиваат симптоми, но може да ја пренесат болеста на други.

Како да се заштитам себеси и другите?

Добар совет во време на пандемија е да се однесуваме како сите, па и самите да сме заразени. Ова значи, минимизирање на контактот со други луѓе и држење на дистанца од 1 до 2 метри, поретко излегување од дома, често и долго (до 20 секунди) миење на рацете и избегнување на допирање на лицето.

Каде да се информирам повеќе?

Во време на пандемија, а воедно и на лажни вести и clickbait тактики, бидете внимателни од каде конзумирате вести. IT.mk ви препорачува да ги следите официјалните сајтови и проверени извори на информации:

- Официјална веб-страна на Министерството за здравство
- Официјална веб-страна на Владата на РСМ
- Неофицијална страна поддржана од Министерството за здравство
- често ажурирана страница за моменталната состојба на пандемијата. За секоја земја има и посебна статија.

Прочитај повеќе

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии