Forza Street е бесплатна на Windows 10

Forza серијалот од тркачките игри на Microsoft е исклучително добар. Forza Horizon 4 беше една од нашите игри кои едноставно моравте да ги одиграте за време на новогодишните празници, а Forza Motorsport 7 ја прогласивме како една од најдобрите игри во 2017 година.

Forza Street е, всушност, Miami Street со друго име, но доколку сте по тркачки игри и имате малку слободно време, би можело да ви се допадне едноставниот гејмплеј каде учествувате во супер брзи трки. Трките се со времетраење од една минута, а целта е да соберете легендарни автомобили и да освојувате трофеи. Forza Street не само што е бесплатна, туку е и поприфатлива за оние корисници кои имаат послаби компјутери. Студиото зад играта, Turn 10 Studios, објасни дека играта потпаѓа под нивната политика Play Anytime, Anywhere и е достапна на PC преку Windows продавницата, на Microsoft.

Моментно, играта има 107 рецензии и влече просечна оценка од четири ѕвездички (од максимум пет). Од она што ние прочитавме, на корисниците не им се допаѓа баш ребрендирањето на Miami Street и прилепување на Forza етикетата, нити пак едноставните гејмплеј механики. Turn 10 Studios, меѓутоа, ветува дека ги слуша критиките на играчите и дека планира да им излезе во пресрет на нивните желби, како и да воведе нови работи преку идните надополнувања.

1 коментар на “Forza Street е бесплатна на Windows 10

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии