Формирана првата асоцијација која ќе се залага за развој на е-трговијата во Македонија

Електронската трговија претставува мотор за подобрување на економската состојба на една земја и придонесува кон зголемување на ефикасноста и намалување на невработеноста. Во Македонија до сега не постоеше официјално тело чиј домен е токму е-трговијата и нејзинот развој.

Официјално, оваа година започнува со работа првата македонска асоцијација за е-трговија. Grouper заедно со Бизнис Конфедерација на Македонија се едни од главните основачи и иницијатори за формирање на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), заедно со Адвокатската канцеларија Станковиќ и Јошевска, порталот Bankarstvo.mk, и Друштвото за компјутерски консултатски услуги ММ Дисоски.

Претседател на првата асоцијација за е-трговија во Македонија е Нина Ангеловска, ко-основач на Grouper. Таа моментално соработува и со Македонски Телеком како консултант за бизнис и е-трговија и неодамна беше вклучена во Форбс листата ”30 под 30” за 2018 година во Retail & eCommerce.

“Асоцијацијата за е-трговија на Македонија има за цел да ги поддржи интересите на компаниите за е-трговија, да придонесе кон знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на идустријата. Асоцијацијата ќе се занимава со лобирање, правна помош, тренинзи и истражувања и со тоа ќе се стреми да изгради поволна околина за раст на е-трговија во Македонија. Со цел заеднички да обезбедиме одржлив раст во оваа индустрија, потребен е холистички пристап и учество од сите засегнати страни.” – вели Ангеловска.

Од друга страна,

Бизнис Конфедерација на Македонија процени дека македонската економија мора да се насочи кон дигитализација на своето работење. Таа треба да се приспособи и да инвестира кон дигитализацијата поради намалување на трошоците, поголема одговорност и репутациски однос како стремеж кон достигнување на глобалните цели за оддржлив развој”- вели г-динот Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерација на Македонија.

Првиот проект на кој работи асоцијацијата е изготвување на сеопфатна анализа за состојбата со е-трговијата во Македонија. Нина посочува дека ова ќе биде појдовната точка за понатамошните активности и проекти на асоцијацијата. Првата прес конфереција, на која ќе се презентира анализата и програмата на асоцијацијата, ќе се одржи на крајот на месец март на која ќе бидат и официјално објавени членките на оваа асоцијација, кои ќе бидат вклучени во процесот на подобрување на е-трговијата во Македонија.

Повеќе информации на ecommerce.mk