Формирана лоби група за промовирање на криптовалутите во Вашингтон

Blockchain Association е лоби група составена од неколку важни поддржувачи на крипто валутите. Групата ќе ги претставува интересите на претприемачите и инвеститорите кои работат на блокчејн технологија.

Зад иницијативата се берзите со критовалути Coinbase и Circle, но и куп старапи и инвестициски куќи како Digital Currency Group и Polychain Capital, јави Washington Post.

„Веќе поминав многу време на основи во едукација на ова поле. Возбудена сум што можам да работам исклучиво на ова“, вели првото вработување на лобито Кристин Смит.

Лоби групата ќе претставува своевиден ентитет кој ги претставува интересите на поддржувачите на криптовалути. Членките на оваа група се одлучни наместо да ги заобиколат законодавците, да соработуваат за пронаоѓање на прифатливо решение.

Ова не е прво вакво здружение. Пред околу 5 години Bitcoin Foundation се обиде да го направи истото, но тогаш и технологијата не беше доволно развиена. Сега по неколку години технологијата е подготвена, но можеби многу поважно, криптовалутите и инвестициите се многу повредни, пред се гледано финансиски. Секако и самата технологија веќе нуди многу поинтересни решенија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии