Forbes: Џеф Безос е вистинскиот наследник на Стив Џобс

Бизнис магазинот Forbes го прогласи основачот на Amazon, Џеф Безос, за „вистински наследник“ на Стив Џобс. Заработката во третиот квартал е една од причините на кои е втемелена оваа констатација. Заработката од продажбата на iPad е пониска од предвидената, наспроти ова Amazon прикажа голема загуба, но има продадено производи во вредност од две милијарди долари.

Претпоставката е дека голем дел од загубата на Amazon е поради зголемената продажба на Kindle уредите за кои Amazon тврди дека ги продава без заработка, но не сите се убедени во ова и се сомневаат дека компанијата го продава уредот со загуба која ја покрива откако корисниците ќе купат или ќе се претплатат на дополнителни услуги.

Ако двете претпоставки се точни ова може да покажува дека Kindle Fire HD почнува да одзема дел од купувачите на iPad, иако лошата продажба на iPad може да се должи и на исчекувањето на новиот iPad mini. Сепак целата теoрија за iPad и Kindle Fire HD кој му одзема корисници е претпоставка и тоа прилично „лабава“.

Ова сепак незначи дека споредбата на Џеф Безос со Стив Џобс е целосно нелогична. Најпрво г.Безос на последните неколку прес-конференции е посигурен на сцена од било кога досега, но сепак не до степен како г. Џобс чија само-доверба се граничеше со ароганција. Но сигурноста која ја има Џеф Безос на прес конференциите потсетува на г.Џобс.

Сепак најголемата можност за споредба меѓу двајцата е создавањето на „екосистеми“ кои функционираат. И тоа два целосно различни бизнис планоци, Amazon кај кој таблет компјутерот е целосно во функција на најголемата светска продавница и Apple кај кој услугите iTunes, апликации,се целосно во функција на iPad.

 

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии