Фондот за иновации и технолошки развој ја објави листата на компании кои добија средства

Image courtesy of FITR

Фондот за иновации и технолошки развој ја објави листата на компании кои се добитници на средства за реализација на своите проекти. Она што може да се забележи е дека на листата има проекти од различна индустрија; пример земјоделие, ИТ, енергетика, биохемија, машинство.

Најголема вкупна сума за проект доби Дуна ДОО Скопје 64.111.949 денари за проектот Ултима вин. ДОКСТЕАМ ДООЕЛ за развој на МикроТИКА добија 43.356.720 денари; Фротирка компани АД за „Нова ера во индустријата за фротир производи“ доби 34.341.804 денари; Усјепор ДООЕЛ увоз-извоз за „ЕПС Иновативен развојноистражувачки Технолошки систем“ добија 34.341.047; МикроСАМ Прилеп АД за „Развој на систем за роботско полагање на терморекреативни, термопластични и суви ленти на рамни и просторно криви површини“ доби 30.433.990 денари. Дел од средствата се преку Сопствено кофинансирање, а дел ко-финансирање од ФИТР. Максималната сума од речиси 2о милиони денари само од Фондот ја добија: Усјепор; Инжинеринг ДАСС Охрид ДОО; ДОКСТЕАМ ДООЕЛ; ЛИОН ДОО; ФРОТИРКА КОМПАНИ АД; Иновејшн ДООЕЛ увоз извоз Скопје; Декодикс ДОО; Елисиум дооел и МикроСАМ Прилеп АД.

Компании од ИТ сектор

Што се однесува на секторот кој најверојатно е најинтересен за нас – ИТ, над 20 проекти се одбележани како ИТ. Иако еден дел од проектите кои се во други гранки би можеле да бидат впишани и во овој сектор.

Ќе биде интересно да ги видиме реализираните проекти и секако корисноста која од нив ќе ја имаат граѓаните кои со свои средства (буџет) ги финансираат овие компании. Секако во периодот кој следи ќе се обидеме да ги претставиме проектите на сите ИТ компании.

2 коментари на “Фондот за иновации и технолошки развој ја објави листата на компании кои добија средства

  1. А имаме инфо кои од фирмите што порано добија пари направија проект, лансираа, имаат бизнис итн. Тоа би било добро да се прочита.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии