Фондот за иновации ќе оддели нови 300.000 евра за стартапи и иновативни компании

Откако во јуни инвестираше 450.000 евра во 16 македонски стартапи, државниот Фонд за иновации и технолошки развој објави втор повик за стартапи, иновативни и спин-оф компании, не постари од шест години. За вториот повик, кој е отворен до 21-ви октомври, се одделени вкупно 300.000 евра од вкупното купче од 2,3 милиони евра кои Фондот ги има за инвестирање во стартапи и иновативни компании.

Грантовите се движат од 30.000 евра за стартапи до 200.000 евра за трансфер на технологии, a планот е да се инвестира во 10 стартапи, шест проекти за комерцијализација на иновациите и во два проекти од третата категорија за пренос на технологија. Грантовите се неповратни, што значи дека ако не успее компанијата, ќе се претрпи загубата, но ако успее тогаш ќе се враќаат 5 отсто од годишните приходи, се додека не се врати долгот, според Правилникот за инструментот за поддршка.

(Oва е снимка од првата презентација на фондот на Startup Grind Skopje)

Од претходните разговори знаеме дека Фондот преферира да инвестира во иновативни компании кои се во мнозинска сопственост на македонски граѓани, бидејќи сака компаниите да останат во земјава. Целта им е да ги зајакнат иновациите на локалниот пазар, што е малку поразлична стратегија од неодамна стартуваниот европски фонд South Central Ventures кои бараат локални стартапи што ќе излезат од земјата.

Заедно со вториот повик, Фондот за иновации најави и Форум за иновации и технологии во рамки на Тахнома 2015-та, од 13-ти до 17-ти октомври на Скопски саем, каде ќе се промовира и дискутира за инструментите на Фондот и развој на иновативни претпријатија.

1 коментар на “Фондот за иновации ќе оддели нови 300.000 евра за стартапи и иновативни компании

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии