Фондацијата Linux ќе помага за отворена наука

Фондацијата Linux ја објави својата соработка со OpenBEL за платформа со слободен код која ќе се користи за споделување на научни податоци. OpenBEL стои зад „Open Biological Expression Language“, јазик кој се користи помеѓу научниците за претставување на научните откритија во форма која може да се пресметува.

Фондацијата која има големо искуство во создавање, водење и одржување на софтвер со отворен код, ќе им помага во работата на OpenBEL, чиј проект до пред една година не беше слободен. „Сите ние сме попаметни колективно, отколку поединечно“, изјави Џим Землин, извршен директор на Фондацијата Linux.

„OpenBEL претставува одлична можност за отвореност и колаборација за подобрување на науката, и ние сме среќни да го пренесеме нашето знаење на колаборативно развивање на софтвер на лидерите во научната индустрија.“, додава г. Землин.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии