Mакедоника стартува e-библиотека за македонските класици и современите автори

Онлајн-библиотеката Книготека, која според Off.net.mk е „најважниот проект кој некогаш и се случил на македонската книжевност“, и која ќе стартува наскоро, околу Нова година, има за цел да го промовира македонското културно наследство и современото литературно творештво кон македонската, но и светската публика.

Проектот го стартува Фондацијата Македоника која вели дека објавените е-книги ќе бидат бесплатни со неограничен пристап за да може да се поттикне „нацијата да чита“. Покрај класиците, ќе бидат објавени и книгите на новите македонски автори на кои ќе им се помогне да се пробијат до поголема публика. Македоника вели дека ќе се креира ново писателско јадро „со нови форми за пишување и објавување на дела за кои издавачите немаат комерцијален интерес“.

„Создавање и развивање на најголема е-библиотека на македонски јазик – Книготека. Поставување на веб-сајт со БЕСПЛАТНИ е-книги каде за прв пат во историјата на едно место ќе се најдат најголемот број на дела напишани од македонски автори. Преку овој портал книгите ќе можат да се читаат на десктоп компјутер, лаптоп, таблети… На ова место ќе се објавуваат како актуелни книги, така и реобјавени дела кои веќе не постојат или ги нема во книжарниците и библиотеките а се од непроценлива важност за нацијата“.

4 коментари на “Mакедоника стартува e-библиотека за македонските класици и современите автори

  1. Целата содржина на овој сајт, како што се текстови, графика, логоа, икони, слики, аудио записи и дигитални превземања се сопственост на „Македоника“ и се заштитени со македонски и меѓународни закони. Софтверот кој го користи овој сајт е сопственост на „Македоника“ и е заштитен со македонски и меѓународни закони.

    Ова значи дека фондацијата Македоника планира да ги откупи или ги има откупено сите права за книгите што ги дистрибуира?

    И, уште ова…

    „Македоника“ ви дозволува ограничена дозвола за пристап и лично користење на овој сајт, но не дозволува превземање или модификување на било кој негов дел, освен со изрична писмена согласност. Оваа дозвола не вклучува било каква препродажба или комерцијална употреба на сајтот во целост или негови поединечни делови. Овој сајт, или бил кој негов дел, не смее да се реподуцира, дуплира, копира, продава, препродава, или на било кој друг начин користи во комерцијални цели, без изричита писмена согласност од „Македоника“.

  2. „објавените е-книги ќе бидат бесплатни со неограничен пристап“

    Пристапот е ограничен. Треба најава на сајтот и профил за пристап до книгите.

    1. Ок, отварање профил на сајт не е нешто ново за да дојдеш до содржината. Помага при откривање на публиката, персонализирани пребарувања и што ти уште не. Не знам како е во случајот со Македоника. За вториот коментар со правата, не го знам одговорот. :) Поздрав, Виктор

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии