Фонд вреден 40 милиони евра доаѓа во Скопје, Загреб и Белград во потрага по стартапи

Нов инвестициски фонд од 40 милиони долари ќе ги таргетира балканските земји во потрага по нови иновативни стартапи, пишува Netokracija, повикувајќи се на разговор со еден од партнерите на фондот. Неименуваниот фонд ќе вложува стотици илјади евра во регионалните стартапи во рана, seed фаза, и по неколку милиони евра за понатамошен развој. Интересно е што покрај Загреб и Белград, кои имаат моќна стартап сцена, фондот е заинтересиран да има присуство и во Скопје.

Јуром Микуж, директор на RSG Capital, фонд кој инвестира во регионални стартапи, претежно од Словенија и Хрватска, вели дека на фондот сè уште не му е познато името, иако според првичните најави, уште во 2013-та, пишуваше дека ќе се вика Enterprise Innovation Fund (ENIF). Но, г. Микуж вели за Netokracija дека фондот нема да го носи името на ENIF, и покрај тоа што парите ќе доаѓаат од таму. Парите доаѓаат од Европската комусија, Европскиот инвестициски фонд (EIF) и Европската банка за реконструкција и развој (EBRD). Но, ќе има и приватни инвеститори кои ќе вложат повеќе од 1 отсто од фондот. Името допрва ќе му биде откриено, како и деталните планови на фондот.

Но, тоа што се знае дека ќе се вложуваат по 100.000 долари во стартапи во seed фаза, (вкупно 1,5 милиони евра има оделено за првата фаза), а подоцна инвестициите можат да пораснат од еден до 3 милиони евра за најдобрите проекти. Неименуваниот фонд ќе има канцеларии во Загреб, Белград и Скопје, вели Netokracija, од кои ќе оперира во сите поранешно-југословенски земји, без Словенија, вклучувајќи ги и Албанија и Косово. Фондот ќе го води словенски тим, но ќе постојат локални тимови кои ќе ги поврзат инвеститорите со локалната стартап заедница во секоја земја.

Засега не се знае кога ќе се претстави и стартува фондот, бидејќи г. Микуж вели дека сè уште работат на бирократски процедури. Но, тој за Netokracija најави дека е можно да чуеме нешто повеќе оваа лето.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии