Спонзориран текст

Флукс на софтверското инженерство

Спонзорирано од Endava

во feature, ИТ.МК, Спонзорирани

Во денешниот динамичен свет, технологијата е еден од главните двигатели што влијаат на нашиот секојдневен живот. Некои дури тврдат дека технологијата е партнер на човечката еволуција.

Ако се фокусираме на технологијата и одиме малку подлабоко, можеме да идентификуваме една клучна состојка која е дел од скоро сите “технолошки рецепти”. Оваа клучна состојка, се разбира, е софтверот. На еден или друг начин, софтверот е слој кој ни дава пристап до технолошките достигнувања и е клучот кој ги отвора вратите кон место каде заедно со технологијата можеме да постигнеме многу повеќе.

Ова нè води до хероите кои стојат зад секој софтвер, софтверските инженери. Луѓето кои трчаат рамо до рамо со напредокот во технологијата, кои со комбинирање единици и нули создаваат разновидност на апликации и ја градат врската помеѓу наночестичките и нашето секојдневие.

Гоце Каламадевски, раководител на дисциплината за развој на софтвер во Ендава Скопје

Гоце Каламадевски, кој ја има улогата на Раководител на дисциплината за развој на софтвер во Ендава, споделува свое видување за оваа динамика:

“Преку технологијата сме изложени на толку многу промени што за некој може да биде дури и застрашувачки. Таа спрега помеѓу технологијата и софтверот му дава се поголемо влијание на софтверот во нашето секојдневие, а тоа е видливо повеќе од било кога досега.

Промените се реалност во светот на софтверот и се еден од главните двигатели на секој кој е дел од ИТ индустријата. Но, тој бран на промени постојано станува поголем и побрз, а наша задача е да го фатиме и да го држиме темпото.

Ова е сликата што ја имам за сите нас кои работиме во индустријата, како јаваме на бранот на промени, мотивирани да одиме напред и да се предизвикуваме да станеме подобри. Може да биде доста турбулентно и напорно, но чувството е одлично кога на патот имате одличен тим кој ја дели вашата страст за технологија”.

Напредокот е двигател во софтверското инженерство. Промената е неопходност.

Не е потребно да се биде технички гуру да се забележи дека технолошки достигнувања се случуваат секој ден. Истото важи и за софтверската индустрија. Причината за ова брзо темпо не е самата потребата за промена, туку вродената желба за подобрување. Софтверските инженери се гордеат со прилагодувањето на нивните алатки и решенија со цел подобро да ги задоволат потребите на бизнисот. Поради оваа причина, софтверот се подобрува секој ден, а исто така и алатките што се користат за да се развие.

“Домените за кои обично работиме, како што се финансии, осигурување, маркетинг или медиуми, се навистина комплексни, бидејќи тие постоеле и растеле долго време. Ова значи дека добри софтверски инженери во детали ги знаат работните процеси за кои софтверот се доставува. Разбирањето на бизнисот е клучно за избор на соодветни алатки и изработка на квалитетно решение.

Имајќи го ова предвид, јасно е дека софтверското инженерство е многу повеќе од општата перцепција за програмирањето. Повеќе личи на решавање реални проблеми со сложување на голема сложувалка составена од различни технологии, околини и системи кои се взаемно поврзани со код “- вели Гоце Каламадевски.

Тимот од Ендава за развој на софтвер на “Јаваскоп” со “Alexa” и “Sphero”

Растот е дел од секое успешно софтверско решение

Растот и промените се дел од скоро секој аспект во софтверското инженерство. Од инженерот се очекува да предвиди, планира и постави лесно прилагодливи решенија и најуспешните проекти ја имаат оваа токму оваа особина. Квалитетниот софтвер им помага на клиентите да се развиваат стабилно, создавајќи нови пазарни можности, кои за возврат придонесуваат софтверот да се развива уште повеќе.

 Роберт Атанасоски има повеќе од 12 години искуство во софтверското инженерство. Тој се приклучи на тимот во Ендава пред 3 години на позиција Senior Developer и денес работи како Design Lead за еден од најголемите и високо растечки медиумски клиенти на Ендава во Скопје. Тој ја споделува својата приказна за растот на тимот и проектот:

“Од самиот почеток, уште кога бевме мал тим, создадовме многу отворено, пријателско и професионално опкружување, каде секој има шанса да сподели идеи и има можност подеднакво да придонесува за сите фази на производствениот тек. Овој пристап им помогна на многу луѓе да пораснат заедно со проектот. Сведочам како колегите кои започнаа како почетници, пораснаа во високо квалификувани, искусни програмери. Многу сум горд што гледам назад на нашиот почеток, гледајќи ги нашите достигнувања, промените во решението и размислувајќи за тековниот успех и задоволството на клиентите.

Роберт Атанасоски, Design Lead во Ендава Скопје

Воспоставивме многу блиски односи со нашиот клиент што резултираше со подобро меѓусебно разбирање и подобар производ. Оваа тесна соработка е нашата секојдневна рутина и носи предизвици но и можности за вклучување на сите идеи. Тоа е горивото што нè мотивира сите нас да се ангажираме повеќе и да станеме подобри по патот.

Ние пораснавме од еден до седум тимови и работиме од 3 различни земји. Сите ние имаме различни карактери, но секој работи на истата мисија која може да заврши само со успех.

Дисциплината за развој на софтвер на тим билдинг

За мене да се биде дел од Ендава е многу повеќе од тоа да се биде дел од некоја ИТ компанија. Работењето во Ендава значи да се дели и негува специфична култура, да се има второ семејство каде ќе бидеш горд на својот раст но ќе можеш да придонесеш и да се гордееш на растот на луѓето околу тебе. Ако треба да издвојам едно нешто што научив во овој период, тоа е како да се предизвикам за да станам подобар секој ден”.

Успехот на софтверските решенија, тимот и компанијата се заснова на желбата и можноста за успех на поединците. Од технички до комуникациски вештини, во Ендава луѓето се охрабруваат да го истражат својот целокупен потенцијал, да се предизвикаат себеси за да го направат следниот чекор во својата кариера. Ова е тоа што им носи вредност на нив, нивниот тим, проектот и крајно, она што го ценат и нашите клиенти.

Составување на 3D принтер во Ендава Скопје

Дејан Ангелевски стана дел од Ендава преку посебна програма наменета за додипломци и постдипломци “Endava Graduates Programme”. Тој споделува дел од своето искуство во Ендава:

“Со Ендава како компанија се запознав на нивната прва презентација на факултетот ФИНКИ. Уште тогаш бев изненаден од начинот на комуникација со првите луѓе на компанија со огромен број вработени насекаде низ светот. Не многу подоцна се приклучив на Ендава преку “Endava Graduates Programme”. Во текот на програмата се запознав со културата на компанијата, алатките и техниките користени за проектите и најдобрите практики. Набрзо бев во можност да го искористам она што беше споделено на обуките.

Првата генерација на Endava Graduates

Во овие три години преку работењето во пријателска околина и опкружен со луѓе кои несебично го споделуваат своето знаење успеав да соберам многу значајно искуство. Културата која Ендава ја негува овозможува секој глас да биде ислушан и да има можност да го аргументира своето мислење, без разлика на годините на искуство, така и на почетокот на кариерата се чувствував дека имам влијание во одлуките кои се носеа. Поради  континуираното залагање на компанијата за унапредување на вештините на нејзините вработени исто така имав шанса да бидам дел од неколку конференции и разни обуки кои ми помогнаа да станам позрела личност на професионален план.

Работејќи на повеќе комерцијални проекти со големи професионалци и во постојан контакт со клиентите константно можам да го унапредувам моето техничко знаење и тимското работење.

Можноста за користење на најновите технологии и алатки, како и нивната разновидност ја прават работата многу интересна и исто така делува мотивирачки но и предизвикувачки. Предизвиците се менуваат од еден проект во  друг но желбата за сопствен развој и унапредување е иста. Сега работам во Ендава како Senior Developer и се трудам да го пренесувам она што сум го стекнал по патот како и културата на Ендава на новите вработени.”

Атмосферата на “Innovation Lab 2018” во Ендава Скопје

Приспособливоста е наша силна страна

Она што е навистина важно во нашето опкружување е начинот на размислување поврзан со прилагодувањето на промените што доаѓаат од промената во технологијата, тимовите или клиентите.

За време на овие промени и трансформација, го прифаќаме фактот дека ќе има некои грешки и се подготвуваме за тоа како најдобро да се справиме со нив.

Емир Османоски е дел од тимот на Ендава речиси три и пол години и во изминатите 2 години работи на реализација на проекти за клиент кој помина низ дигитална трансформација:

“Кога дојдов, Ендава, веќе беше присутна и позната во ИТ-заедницата во Скопје. По првите неколку месеци почнав да сфаќам дека работите се разликуваат овде. Голем дел од вниманието беше посветено не само на обезбедување на решенија и код за клиентите, туку и кон тековни дигитални ИТ трендови кон кои повеќето компании треба да се насочат.

Емир Османоски, Senior Developer во Ендава Скопје

Откако работев на неколку мали, но предизвикувачки проекти, почнав да работам на проектот за еден од нашите најголеми клиенти од Велика Британија, специјализирани за осигурување. Овој проект беше еден од првите чекори што компанијата ги презема во својата голема дигитална “авантура”, предвидувајќи и следејќи ги сите нови трендови во доменот на осигурување.

Проектот имаше доста голема визија: Да го смени начинот на кој компанијата работи со своите клиенти и значително да ја подобри ефикасноста на сите процеси и чекори на животниот циклус на осигурување.

За време на првичниот развој мораше да се приспособиме на различни аспекти кои ги донесе соработката со клиентот, вклучувајќи постојана промена на барањата и техничките предизвици. Притоа, она што најмногу ни помогна на крајот беше работата со тимот и сознанието дека сите ние сме заедно на ова трансформативно искуство . Изградивме одлични односи со клиентот и многу сум среќен што можам да кажам дека една етапа од тоа “патување” заврши успешно. Тоа беше пред речиси една година и сега се на нова патека со истиот клиент.

Ние се прилагодивме и ги надминавме тие првични предизвици, преку развој на себе и клиентот. Го подобривме начинот на кој го испорачавме проектот и ја зголемивме големината на тимот скоро три пати повеќе од првичниот тим со уште многу неверојатни и талентирани колеги. И тука лежи една од главните предности на Ендава – Луѓето и нивната способност да го надминат секој голем или мал предизвик кој произлегува од се подинамичниот ИТ свет.“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии