Flippy е најдобар доказ дека нема простор за луѓето во едноставните и репетитивни професии

Дејан Соколоски

во Вести

Најверојатно една од професиите за кои се потребни најмалку вештини е човекот кој ги врти плескавиците во рестораните за брза храна. Можеби токму поради недостатокот од потребна вештина, ова ќе биде првата работа со која нискоквалификуваните кадри ќе мора да се збогуваат.

Flippy е робот кој може да прави сѐ исто како и луѓето кои ја работат оваа работа, но без да се уморува. Роботот започнува со работа во CaliBurger ресторан во Калифирнија.

Flippy е дело на Miso Robotics, компанија која верува дека во иднина роботите ќе ги заменат луѓето на сите слични работни позиции. Роботот ќе се користи на 50 локации во целиот ланец на CaliBurger,

Роботот може истовремено да следи и да приготвува 12 плескавици. Flippy чини 60.000 долари, плус дополнителни 12 000 долари оперативни трошоци годишно.

Во огромен дел од државите овие 1.000 долари месечно се далеку над просечните приходи. Барем засега се чини дека во огромен дел од државите „вртачите на плескавици“ се безбедни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии