Flipboard, Vine, Path и Hipstamatic наскоро ќе бидат достапни и за Windows Phone

Едни од најпопуларните мобилни апликации за Android и iOS наскоро ќе бидат достапни и за Windows Phone платформата. Но, меѓу нив не Instagram. Нема информации дека популарната апликација за фотографии работи на своја WP верзија, иако тоа не е толкав проблем ако се знае дека има Instagram клиенти за WP.

Друштвената мрежа со лимит од 150 пријатели, Path, работи директно со Nokia за да развие своја WP апликација. Hipstamatic, апликација за ретро фотографии, првин се појави како ексклузивна апликација за Lumia 1020, па сега се чини дека ќе го искористи просторот оставен од Instagram за да привлече што е можно повеќе корисници. За разлика од другите, Vine на Тwitter е релативно нова апликација, се појави за iOS и Android пред неполни два месеца, и веќе има своја верзија за Windows Phone. Што се однесува до Flipboard, мобилниот магазин кој може да се персонализира, има само најава дека ќе се појави на WP платформата, но нема детали кога.

Иако се само четири апликации, овие апликации се едни од најпопуларните и најкористените апликации на паметните телефони. Тие не само што ќе привлечат други клонови или слични апликации, туку и ќе го подобрат искуството на корисниците на Windows Phone уреди, барем да не се чувствуваат толку отсечени од трендовите во моментот. За Microsoft и Nokia, ова е мала победа за Windows Marketplace кој од неодмна брои над 130.000 апликации и се повеќе расне.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии