Flickr и Vimeo ќе бидат интегрирани во iOS 7?

Аpple планира да ги додаде Flickr и Vimeo во новата верзија на оперативниот ситем на iPhone, iPad и iPod, велат извори за 9to5mac. Но, изворите велат дека се додека нема официјална најава, сите нови опции може да бидат тргнати од финалната верзија.

Двете друштвени мрежи, едната за фотографии, другата за видео, ќе бидат подлабоко интегрирани во iOS 7 како што се интегрирани сега Twitter и Facebook. Корисниците ќе можат да се логираат на мрежите директно преку iOS за да споделуваат содржина (видео и фотографии) директно од апликациите. Flickr веќе е интегриран во платената iPhoto за iOS апликација и во OS X Mountain Lion, но со iOS 7 ова ќе биде прв пат Flickr да биде вграден во оперативниот систем. Flickr од вчера претстави нов редизајн и понуди еден терабајт простор на бесплатните корисници, што е доста добра понуда за зачувување на сите фотографии во висока резолуција. Веројатноста на интеграцијата на Flickr е голема бидејќи Yahoo, сопствениците на мрежата за фотографии, има виџети за временска прогноза и следење на берзата кои се вградени во iOS.

Што се однесува на друштвената мрежа за споделување видео, Vimeo, таа е интегрирана во Mountail Lion, и наскоро би требало да биде интегрирана во iOS. Проблемот на Vimeo е секако големата конкуренција во YouTube. Apple ја прекина соработката со Google со вградена YouTube апликација, но таа е достапна преку App Store заедно со YouTube Capture апликацијата за брзо снимање и закачување на видеа.

Сепак, иако корисни, Flickr и Vimeo не се најавите кои ќе ги возбудат iOS корисниците. Веќе некое време кружат гласини дека главниот дизанер на Apple, Џонатан Ајв, работи на flat интерфејс за iOS 7.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии