Флексибилниот телефон на Samsung ќе биде достапен во март

Дејан Соколоски

во Вести

Најновата серија на телефони од Samsung најверојатно ќе биде Galaxy F. Станува збор за технологијата на флексибилен екран која Samsung ја претстави минатата недела.

Ако ова ви изгледа на супер уред и планирате да се подновите имаме лоша вест за вас. Спореди неофицијални извори, цената на телефонот во продажба ќе надмине над 1 770 долари. Интересно е што уредот ќе биде хибрид таблет и телефон, но за оваа цена можете да си ги купите двата уреди…

Цената од 1 770 долари е некакво предвидување нр дел од експертите за уредот, пренесе корејската новинска агенција Yonhap.

Samsung Galaxy F би можел да биде достапен во март 2019 година. Ова и не е толку далеку, но сè уште останува прашањето колкав интерес би се појавил за ваков уред. Прашањето беше актуелно и без супер високата цена за уредот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии