Fixstars престави SSD од 13ТB и цена од 19.000 долари

SSD дисковите имаа намена да го забрзаат вчитувањето на податоци кои често се отвараат и затвараат, но новите дискови покажуваат дека има простор за сѐ. Fixstars ги презентираше новите SSD од 10 и 13 терабајти, а на нив има простор да сместите што и да ви падне на памет.

Големината од 13 GB нe само што ги надминува останатите SSD, туку е и најголем хард-диск до сега, вклучувајќи ги и стандардните вртливи дискови. Брзината на читање на континуиран фајл е 580 MB/s, а брзината на пишување 540 MB/s јави Extreme Tech. Со оглед на големината на дискот од Fixstars предвидуваат дека компаниите кои ќе ги користат дисковите ќе ги користат за поголеми фајалови, па брзината е речиси константна. Кај поголемите фајлови дискот е побрз од конкуренцијата, но максималната брзина е помала. Oвој SSD може да се користи за сѐ од стримање на содржина до изработки на големи податоци и процесирање на 4K видео.

Сепак пред да почнете да се подготвувате за купување, овие хардискови не се наменети за „обични смртници“. Цената на еден гигабајт е околу 1,5 долари, што прави целиот диск да чини 19.000 долари.

1 коментар на “Fixstars престави SSD од 13ТB и цена од 19.000 долари

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии