#ФИТРгрантови: Si-mAind – Mila AI, нов алгоритам за вештачка интелигенција

Овој текст е дел од серијалот „ФИТР грантови“ во кои што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија на последнитe повици за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите.

ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот и нивните одговори ќе ги објавиме како што пристигнуваат.


Споделете со нас неколку информации за вашата компанија… Кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти или слично… Или ако е ново основана, која е структурата и од кого е основана?

Si-mAind е ново основана компанија која за своја примарна цел го има развојот на нов алгоритам за вештачка интелигенција наречен Mila AI. Eдинствен сопственик на компанијата е оснoвачот Александар Савевски. Во понатамошниот развој и раст, компанијата ќе ги следи западните претприемачки трендови за раст и развој со што предвидува најмалку две инвестициски рунди каде ќе изврши докапитализација на своето работење. Важно да се напомене е дека во вакви циклуси многу поважен е потенцијалот за продор на нови пазари, отколку големината на капитализацијата.

Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР? За каков точно проект станува збор?

Mila AI е нов начин на кој што вештачката интелигенција може да работи. Принципите кои што ги ползуваме, се поистоветуваат со работата на нео-кортексот кај цицачите, а дури развивме и начин за прв пат вештачката интелигенција да може да има свои емоции. Нормално тоа не значи дека машините е може да остваруваат исти чувства како нас, но првично можеме да создадеме чувства на стрес или љубопитност за нешто да се научи, што е доста револуционерно и корисно за еден ваков систем. Валидноста на концептот е потврдена од релевантни академски кругови во Македонија и во Америка.

Како што може да се забележи, станува збор за комплексен проект кој е поделен во повеќе фази, а со помош на финансиската поддршка од Фондот за иновации, светска банка, како и помошта од Европската Банка за обнова и развој, преку својата консултантска мрежа имаме одлична поддршка за почеток.

Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот?

Mila AI е комплексен производ од повеќе фази, секоја со своја верзија на MVP. Она што е планирано да се реализира во рамките на проектот, поддржан од ФИТР е основна функционалност со основни емоции, односно парче софтвер кое ќе биде способно да ги замени етаблираните „мејнстрим“ технологии, притоа нудејќи исто ниво на точност за ниски оперативни трошоци. Резултатите од концептот укажуваат на пониски оперативни трошоци за 70 пати од оние модерните технологии.

Сето ова ќе им овозможи на компаниите, кои креираат решенија со вештачка интелигенција универзално решение кое ќе може да одговори на тековни проекти, но и проекти кои со сегашната технологија се нерешливи. Иницијалната понуда на производот се очекува да биде до средината на идната година.

Средствата добиени од фондот ќе ни помогнат во набавка на најсовремениот хардвер за креирање на ваков софтвер, негово тестирање и презентирање. Исто така стручноста на тимот ќе се унапреди, а ќе можеме да користиме и надворешни соработници, стручњаци од Македонија кои се светски умови за областа на вештачката интелигенција.

Високата технологија, бара голема стручност, зашто се натпреваруваме во светски рамки. Сакам да изразам голема благодарност до ФЕИТ, каде беше извршена и првата презентација во декември 2018. Особена благодарност до проф. Христијан Ѓорески и проф. Владимир Атанасовски за оваа првична поддршка.

Дали производот/услугата што го планирате да го развиете е за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?

Нашиот производ не дискриминира помеѓу корисници од Македонија и од странство. Сакаме нашето портфолио на производи да биде двигател и на домашната економија, но се зависи од тоа како ќе бидеме прифатени, дали како конкуренција или како партнери. Соработката со nVIDIA од друга страна ќе ни овозможи побрза промоција во светски рамки, а самата фела, полека почнува да го прифаќа пристапот и можностите на Mila AI.

Нешто дополнително што би сакале да додадете?

Покрај сите фасцинантни работи кои што ги спомнавме, несвојствени за стартап од Македонија, главната причина за постоењето на Si-mAind не е вештачката интелигенција. Напротив, како што спомнавме Mila AI своите почетоци ги темели на спознавањето на функционирањето на човековиот нео-кортекс. Истата претставува единствен универзален модел кој е способен да се само организира на стимул со цел да спознае нешто. Ниедна друга машина не е способна да го направи тоа, освен мозокот.

Нашите наоди за конвергенција помеѓу Mila AI и мозокот успеавме да ги покажеме и практично преку промена на дефектолошки вежби кај субјект со аутизам со повторно импресивни резултати и когнитивно подобрување за 600% од највисоките таргети на период од една година. Практично единствен случај каде знаевме што вежбите би постигнале влечејќи паралели од модел на вештачка интелигенција.

Mila AI го должи своето постоење токму на овој субјект и затоа самото лого на компанијата влече инспирација од симболот за аутизам со блага силуета на профил на човек. Нашата социјална одговорност е токму проширување на овие техники, за што повеќе деца да го достигнат својот максимален капацитет.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии