ФИТРгрантови: Pixyle.ai – Со вештачка интелигенција до иновативен канал за е-продавниците

Овој текст е дел од серијалот “ФИТР грантови” во кои што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија на последнитe повици за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите.

ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот и нивните одговори ќе ги објавиме како што пристигнуваат.


Споделете со нас неколку информации за вашата компанија… Кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти или сл… или ако е ново основана, која е структурата и од кого е основана?

Pixyle.ai е компанија која нуди иновативни ИТ решенија и услуги во областа на модната индустрија користејќи вештачка интелигенција. Основач е Светлана Кордумова Трајанова, која како експерт во Вештачка Интелигенција со завршен докторат на Универзитетот во Амстердам, а воедно и вљубеник во модата, во 2017 година доаѓа до идејата за создавање на “паметна/интелигентна” технологија која ќе им овозможи на онлајн продавниците да им понудат на нивните купувачи лесен и забавен шопинг со визуелно пребарување, без да троши многу време. Тимот на Pixyle.ai вложувајќи многу труд и енeрегија, работејќи на пилот проекти и подобрување на производот, денес брои 10 вработени во Македонија, и двајца надворешни соработници од Холандија.

Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР? За каков точно проект станува збор?

Модната индустрија е огромна и дава простор за иновативност и изнаогање на решенија кои ќе ја олеснат комуникацијата помегу компаниите и клиентите. Поагајќи од ова, Pixyle.ai создаде технологија која им нуди едноставен иновативен канал на комуникација на е-продавниците, и исто така ќе им ја подобри ефикасноста во организирањето на податоците за е-продавницата. Оваа технологија користи визуелна вештачка интелигенција тренирана на преку 500,000 слики од мода. Решението за визуелно пребарување овозможува со прикачување на слика од посакуваниот производ, корисниците да го пребараат целиот каталог во е-продавницата само за една секунда. Со оваа револуционерна алатка сме единствени во регионот но нашата иноватинвост не застанува овде. Решението за автоматското тагирање им обозможува на модните онлајн продавници да тагираат преку 10,000 производи за помалку од саат, нешто за што тие би потрошиле денови.

Колку време и до кој степен е во развој? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP (minimum viable product) од продуктот достапен за јавноста?

Финалниот продукт е реализиран и веќе достапен, а секој заинтересиран може да проба како работи технологијата на https://demo.pixyle.ai/.

Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот?

За следење на динамичноста и постојаниот раст кој го наложува полето во кое што работи Pixyle.ai, клучен аспект за напредок е вложувањето во човечките ресурси, пред се во областа на бизнис девелопмент. Во текот на оваа година колку што сме подржани од ФИТР успеавме да го изградиме продуктот, да влеземе во една од најдобрите акцелераторки програми Rockstart во Холандија, и да добиеме прв пилот клиент којшто го користи продуктот. Моментално сме во фаза на излегување на пазар, и сеуште немаме доволно клиенти за да бидеме самоодржливи. Дополнителни сретства би ни помогнале да се издржиме уште една година, во којшто ќе ги постигнеме таргетите за клиенти, и ќе продолжиме да го надоградуваме продуктот.

Дали производот/услугата што го планирате да го развиете е за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?

Имајќи во предвид дека дејствуваме во полето на модата, примарна цел ни е глобалниот пазар. Големите модни брендови кои имаат е-продавници со широка палета на производи се примарни таргет за нас. Со оглед на тоа дека и на македонскиот пазар полека се појавуваат онлајн продавници, би ни било мило да соработуваме и со некој од нив, и да им помогнеме со нашата технологија да ја подобрат продажбата и менаџирањето на каталогот.

Pixyle.ai e B2B компанија, и нашиот бизнис модел е SaaS API. Интеграцијата на технологијата е доста лесна. Со првиот клиент ни беше потребна само една работна недела, со еден бекенд девелопер и дата сајантист.

Нешто дополнително што би сакале да додадете? :)

За сите наши решенија кои ги нудиме со помош на визуелната ВИ технологија, може подетално да погледнете на нашата веб страница https://www.pixyle.ai/. Ако сте онлајн продавница за мода која сака да користи иновативни решенија за да го подобри корисничкото искуство, слободно контактирајте ме на [email protected]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии