#ФИТРгрантови: МСТ Солушнс ДООЕЛ Скопје – иновација во универзален нож за градежни машини

Овој текст е дел од серијалот “ФИТР грантови” во кои што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија на последнитe повици за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите.

ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот и нивните одговори ќе ги објавиме како што пристигнуваат.


Споделете со нас неколку информации за вашата компанија… Кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти или сл… или ако е ново основана, која е структурата и од кого е основана?

MСТ Солушнс ДООЕЛ Скопје е регистрира на 07.02.2013 година. Примарна дејност на компанијата е продажба и сервис на градежна механизација. Меѓу многуте клиенти можеме да ги наброиме: Гранит, Бетон, Жикол, Дикор, Фабрика Карпош, Ленди Груп, Улици и Патишта, Водовод Скопје, Македонски Шуми и др.

Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР? За каков точно проект станува збор?

Се работи за иновација во универзален нож за градежни машини (булдожери, греидери, натоварачи и багери) Секој производител на машини има различни стандарди за ножеви и со тоа во светот постојат 1.000.000 типови на ножеви односно за секоја машина различен нож. Практично е невозможно трговска компанија како нашата да ги има сите овие ножеви на лагер. Поради тоа направивме иновација во универзален нож што пасува на секоја машина и исто така направиме промена од трговска во производствена компанија. Сега самите си ги произведуваме овие универзални ножеви и сите клиенти ги добиваат ножевите од „лагер“ и по многу подобри цени.

Колку време и до кој степен е во развој? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP (minimum viable product) од продуктот достапен за јавноста?

Со самиот почеток на Q2 планираме да започнеме производство и продажба на овие наши универзални ножеви.

Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот?

Со финансиите од ФИТР ја набавивме потребната опрема за производство на овие ножеви.

Дали производот/услугата што го планирате да го развиете е за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?

Производот за почеток е наменет за македонски пазар но за многу брзо планираме да се прошириме и кон српскиот и косовскиот пазар.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии