#ФИТРгрантови: Мак Аларм – Novapark е решение за обработка на реални податоци од паркинзи

Овој текст е дел од серијалот “ФИТР грантови” во кои што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија од 79-те добитници на последниот повик за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите.

ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот и нивните одговори ќе ги објавиме како што пристигнуваат.


Споделете со нас неколку информации за вашата компанија… кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти или слично

Мак Аларм е меѓу првите компании во Република Македонија кои што работат со техничко обезбедување. Основана е во 1991 година со 100% сопствен капитал и e фамилијарна компанија. Мак Аларм ја води индустријата со мултидисциплинарни, флексибилни безбедносни решенија кои се прилагодени на индивидуалните потреби на клиентите. Дизајнираме, инсталираме и одржуваме широк спектар на системи за безбедност кој вклучува и софтверски и хардверски решенија. Дел од нашата понуда: безбедносни аларми, CCTV, сензори, системи за противопожарна заштита, контрола на пристап, интерком системи, вклучувајќи ги и нивните оперативни софтвери.

Треба да се напомене дека нашата референтна листа на минати и тековни клиенти брои околу 100 компании и институции, од кои, позначајните тековни клиенти, со кои имаме редовна и долгогодишна соработка се дадени во прилог: EVN Македонија, МЕПСО А.Д., Imperial Tobacco – Империал Тобако ТКС А.Д., Спортски центар Јане Сандански, Европски Универзитет Македонија, FON University, Acibadem Sistina – Ramstore, Македонска Берза АД Скопје, Градски Трговски центар, Replek, Комерцијална банка А.Д. Скопје, Стопанска Банка А.Д. Скопје, Sparkasse банка…

Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР? За каков точно проект станува збор?

Со цел да се понудат целосни и интегрирани решенија од хардвер и софтвер, Макаларм има потреба да развие стратешко партнерство со компанија (во овој случај, Новакод) која ќе работи на проектите за развој и одржување на софтвери. Првиот проект се однесува на развој на софтверско решение за контрола и наплата на паркинзи со вклучени модули за собирање информации и апликации за приказ на истите.

Софтверското решение “Novapark” е комплетно решение за контрола и наплата на паркинзи како и собирање и прикажување на реални податоци од самите паркинзи, како бројот на слободни паркинг места, цената за паркирање од час, и статистички податоци за зафатеноста на паркинзите. Со изработката на ова софтверско решение се овозможува во реално време да се прегледаат слободните паркинг места на паркинзите кои ќе се поврзат на системот.

Исто така, многу корисно за крајниот корисник ќе биде и плаќањето преку интернет за паркинг местото како и резервацијата на паркинг место преку мобилната апликација. Главната иновација е можноста крајниот корисник на мобилната апликација да отвори мапа со паркинзите во негова близина и да добие реални информации за цената на паркинг услугата за одредено паркинг место како и слободните паркинг места на одредени паркиралишта. Исто така голема придобивка е и резервирањето на паркинг место и можноста за плаќање на паркинг услугата преку мобилната апликација при што се генерира код на апликацијата со кој корисникот ќе го искористи правото на паркинг.

Колку време и до кој степен е во развој? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP (minimum viable product) од продуктот достапен за јавноста?

Проектот започнува со реализација на 1ви Октомври 2018 година. MVP е планирано да биде достапен во Август 2019 година.

Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот?

Производот ќе се комерцијализира во две фази, за кои треба да се напомене дека не се опфатени средства од Фондот.

Односно, во однос на “Novapark”, Мак Аларм веќе има склучено Меомрандуми за соработка со повеќе приватни компании кои имаат потреба од вакво решение и кои ќе го комерцијализраат и понатаму набават. Во првата фаза планирано е да се настапи само на македонскиот пазар, односно првата фаза е планирано да трае до 2021 година. Понатаму, решението ќе биде пласирано и на регионалниот и на интернационалниот пазар преку нашите долгогодишни парнтери кои се во истата индустриска дејност.