#ФИТРгрантови: Хојо Тек софистициран софтвер базиран на машинско учење и вештачка интелигенција

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Овој текст е дел од серијалот „ФИТР грантови” во кои што ги контактиравме фирмите кои имаат ИТ решенија на последнитe повици за грантови на ФИТР. Идејата зад серијалот е јавноста подобро да се запознае со компанијата, продуктот и очекувањата поврзани со грантовите.

ИТ.МК се обиде да стапи во контакт со сите компании од ИТ секторот и нивните одговори ќе ги објавиме како што пристигнуваат.

компанија име на проектот ФИТР ко-финансирање (ЕУР) сопствено ко-финансирање (ЕУР) вкупен буџет (ЕУР)
ХОЈО ТЕК hoyo.ai 29.900,00 18.000,00 47.900,00

Споделете со нас неколку информации за вашата компанија, кога е основана, примарна дејност, тековни клиенти или слично, или ако е ново основана, која е структурата и од кого е основана?

Хојо Тек (Hoyo Tech) е компанија основана во август 2018, и воглавно работиме на создавање на целосен софтверски екосистем за кое било решение на IoT, дејствувајќи како давател на услуги со една точка за контакт.

Дали може да ни кажете нешто повеќе за проектот за кој добивте финансии од ФИТР?

Hoyo.ai е софистициран софтвер базиран на машинско учење (ML) и вештачка интелигенција (AI), наменета да им служи на нашите IoT продукти, предвидливо анализа на податоци. Во рок од 12 месеци, модулот треба да се финализира и да се доведе до фаза што ќе гарантира успех. За решението соработуваме и со локална компанија која е специјализирана во АИ решенија, Magix.AI, за да забрза во развојот на производот. Крајниот производ ќе се развие од податоци што ќе се генерираат од постоечки корисници на некој од продуктите и такви се пример компании кои имаат своја флота од возила и вендинг машини.

Колку време и до кој степен е во развој? Кога најрано би можеле да очекуваме MVP од продуктот достапен за јавноста?

Продуктот во првична фаза e развиен и може да се тестира како MVP. За времетраење на проектот од една година е планиран подлабок развој и имплементирање на пософистицирани алгоритми од Машинско учење и Data Science. Демото се планира да биде достапно на https://hoyo.tech/.

Колку ќе ви помогнат дополнителните финансии од страна на ФИТР? Во кои делови од проектот поточно ќе ви помогнат финансиите од Фондот.

Поддршката од ФИТР е од значителна важност за мала компанија како нашата. Овие финансии ќе се искористат во ангажирање на дополнителни соодветни лица кои ќе ја водат реализацијата на проектот и кои ќе бидат дедицирани само за потребите од овој проект се со цел да може во иднина да функционира и самостојно.

Дали производот/услугата што го планирате да го развиете за домашен или интернационален пазар? Која е вашата примарна целна група?

Главна таргет група за проектот ни се глобални провајдери на IoT платформи, локални и глобални компании кои имаат сопствена флота од возила, вендинг машини и слично. Нашата крајна цел е да поставиме присуство кон меѓународни пазари имајќи во предвид дека целото решение е веб базирано.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии